Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
КДХ сум го заборавил во муабетов. 29м фунти во Евертон.И Марк Гиу(Гуи) доби позајмица во Сандерленд, се надевам ќе има добра минутажа.
Остануваат Стерлинг и Нкунку од офанзивните играчи.
Џексон мислам ќе остане затоа што не верувам некој тим да плати толку колку што се бара за него, а тој би бил дел од ротацијата на напаѓач/лево крило, особено ако не се реализира трансферот на Чави Симонс.
Чилвел не се спомнува во муабетите за трансфер, нема да ме чуди ако има некој спогодбен раскин на договор, па после тој да си бара место во друга екипа како слободен играч. Он има договор со Челси уште скоро 2 години.
Од одбранбените, а под претпоставка дека нема да носат нов штопер, само еден од Бадијашил/Дисаси треба да си иде, со тоа што мислам треба да е вториот.
Уште кој остана од среден ред? Веројатно Чуквуемека, се пишува дека Дортмунд сакаат да го задржат, но и да не излезе трансфер, ќе го дадат на позајмица негде сигурно.
Летово е баш ко да се игра Фудбал Менаџер.
И Хамфрис отишол во Барнли, 14м негде. Скоро 60м од Барнли. #zaveraНкунку не е ни вратен на тренинзи, му дозволиле да отсуствува. Не знам како уште не си најде клуб, ама сигурно си оди.
За Стерлинг има интерес. Последно е дека преговараат со Фулам, а беа спомнати и Вест Хем и Палас мислам. И тоа ќе остане за последната недела, ништо чудно пак да оди на позајмица ако со никој не се договори за плата.
За Чилвел баш ништо не се спомнува. Имаше некоја шпекулација за Турција пред некое време. Не верувам да испадне нешто од тоа.
Да, Кепа беше амортизиран на 7 години без јавноста да сфати што направија во тоа времеИ Хамфрис отишол во Барнли, 14м негде. Скоро 60м од Барнли. #zavera
Инаку, продажбите на Броја и Хамфрис се 100% на позитивното салдо во ФФП ако не се лажам поради тоа што се од академијата.
Не знам како е со другите трансфери, но од Мадуеке и Петровиќ плусот е околу 30-32м. Од друга страна, има вкупно 7-8м минус од КДХ, Амогу и уште не знам кој беше.
И да, Кепа е даден само за 5 милиони ама он одамна во клубот, мислам дека неговиот тогашен трансфер од Атлетик Билбао целосно е "амортизиран" во ФФП низ годините. Не ги знам правилата точно да бидам искрен.