Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Еве ќе ти пишам на кратко зошто не си во право.Трета сезона сме млад тим. До кога ќе се млад тим? Помлад е Палмер сега од лани кога изгази. Или Џексон? Буквално сите играчи или стагнираат или регресираат.
Исто лани одвај имаше 11 играчи Покетино, се утепаа од повреди. Сега има цел тим (ок тие што ги продадоа) ама пак, целиот тим ти е тука. Што е проблемот сега, пак се млади?
Нема менталитет да се наметне, навивачите се еднаш едно друг пат друго, директориве се слаби, визијата за тимот како млад и надежен е веќе во одмината фаза и требаше барем некои резултати да се видат до сега, тренерот се гледа дека е инатлив, кога бевме второ место "we are not in the title race" хехехе-нцето излезе ептен лузерски менталитет.
Абе како не сме, сме во игра за титула, ќе газиме да ги стигнеме ливерпул
или
Не сме во трка за титула, клубот не кажа ништо ни за ЛШ
Катастрофа водење клуб. Да немаш светски класи шпиц, стопер и голман на 1.5 милијарди купени играчи тоа е катастрофа.
Ако гледаме така и Мурињо има губено така, и Тухел со Динамо истото му се случи, ама тоа не значеше дека има само 1 тактика и ја фура таа. Се гледаше дека тимот може.@Вујко За Покетино колку е лузер не ми се дебатира. Изгуби финале од У 16 тимот на Ливерпул, вениш не го пере за тој пораз.
Еве ќе ти пишам на кратко зошто не си во право.
Лани игравме без притисок и очекувања со дибидус тренер и како такви, добро е и што извадивме 6то место и бевме пресреќни затоа што знаевме дека играме едно големо ништо и дека лимонтусот на клупа мора да лета пошто ем ги гори играчите на тренинзи безпотребно, ем играта се сведе на дај му на Палмер, нека клава голови, Палмер достави и извадивме гз на крај.
Сезонава почнавме многу добро, консолидирани, личевме на екипа со препознатлива игра и извадивме добри резултати до јануари, значи тотална спротивност на сезоната претходно. Почнаа муабети за титула, почна да се ствара притисок дека уствари потенцијалот кој се продаваше од нашите двајца Глуп и ПоГлуп директори е реален и почна да гори под нозе, што на играчите, што на Мареска кој се усра со легендарната изјава што нејќам ни да ја коментирам. Ова ти е одлика на НЕИСКУСНА екипа и тренер и без разлика ти што очекуваш или која година сме, не сме биле у ваква ситуација и од ова мора да научат.
Точно е дека покажавме лузерски менталитет, точно е дека некои работи мора да се решат и дека имаме проблеми, како и секоја екипа ама некако мислам дека очекувања не ти се усогласени со реалноста па ти изгледа се црно.
Која одмината фаза бе друже, најмлада екипа во ПЛ сме, што тропаш зелени, втора сезона им е заедно. Ај разгледај колку време костурот на Ливерпул со Ван Дајк, Алисон, Роберстон, Сала, ТАА игра.
Мадуеке 2.0Го гледав 4 пати годинава, малиот е оган. Баш сакав да го видам во Јунајтед.