Многу работи ќе се разјаснат кога ќе го добиеме новиот тренер, еве како гледам јас на работите.
Сценарио 1, ќе го донесат Нагелсман, се признава грешката, се увидува дека фудбалот не е толку едноставен како што го замислувале Егбали, Бели и Дебели среќно друштво, зимаат офсајд позиција во носење фудбалски одлуки. Проектот почнува од нула, со доста подокажан тренер од Потер, комплетна слобода во работа и сите среќни и задоволни, идеме напред.
Сценарио 2, ќе го донесат Енрике, ништо не се мења, Егбали, Бели и Дебели среќно друштво пак се мешаат во одлуки и кај што не им е место, Енрике нема слобода во работа, во декември бараме нов тренер и така одново, наново. Тоа барање менаџер со искуство е само „оправдување“ за носење на уште еден yes man, мада Енрике не ми делува како таков. Во ова сценарио, јас искрено воопшто не би се замарал со следење на Челзи и ќе си заземам офсајд позиција кога се работи за Челзи, кежуал, од време на време, нема проект, нема планско работење, едноставно богати американци дошле да си играат фудбал менаџер, nothing to see here, bye.