Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Па головите во офанзива у никој случај не можат да даваат слика за одбраната

За неутралците како оние во темата за ЛШ кои повремено го гледаат Челзи поради тоа што го уплатиле на тикет и те како е.
Ќе даде Бане некој гол и одма е ѕвер, одма одбраната на Челзи ете ја ефикасна и во напад итн. Поради ваквите работи, носат некој смешен заклучок.
 
:facepalm:
Поштено се избрука Мурињо со неговата умрена тактика... нека му стои !!!
 
Полоша утакмица во живот немам гледано, па тоа глумење, паѓање, тепање и од двете страни одамна не сум гледала. Луиз го обожавав, сега веќе нејќам да го видам. Никаков респект спрема стариот клуб, уште одглуми дека КОста го удрил со глава ... Можеби Ибрахимовиќ не беше за црвен, ама Луиз и оној Верати кускулето требаше да летаат.
Челзи катастрофа игра во последно време, ќе даде гол и не знае што да прави после, абе напаѓај шутирај гајле ти е.
Ајде сеа нека освојат премиер, до крај сите до еден да ги тепаат
 
Zashto go falish koga silva go lobuvashe za vtoriot gol?
Не зезај не е толку крив за вториот гол....топката идеше многу блиску под пречка...едино кривица може да му се земе што тргна и застана и се поврати назад а не отиде до крај на топката....Кривец за вториот гол е тери кој го изгуби дуелот со Силва.
 
Куртоа е голманчиште и не го кривам него за вчерашниот резултат, затоа и го пофалив. Оскар - ептен изгубен, а за Коста кој што сака нека каже ама дефинитивно не е тоа што беше на почетокот. Не ми се веруваше во регуларното време кога го примија голот ... само 5 е***и минути успеаја да задржат водство. Многу лоша игра, се надевам дека ќе се средат малце и дека нема да ја прокоцкаат шансата да освојат Премиер.

А да, Луиз ...
http://prosoccertalk.nbcsports.com/...-celebrate-but-my-emotions-i-couldnt-control/
 
Со оскар полесно правеа транзиција а со вилијан повеќе игра на крила
Исто срање
 
Не зезај не е толку крив за вториот гол....топката идеше многу блиску под пречка...едино кривица може да му се земе што тргна и застана и се поврати назад а не отиде до крај на топката....Кривец за вториот гол е тери кој го изгуби дуелот со Силва.

Ама брат, тоа ти е типично фаќање у No mans land. Или идеш, или стоиш на гол, нема измеѓу.
 
Веќе два месеци сме во константен пад на формата. Мотивација немаат изгубено, ама голем дел од играчите ја имаат изгубено формата која ја имаа во првата половина од сезоната. Последен добар натпревар беше против Свонси на 17ти јануари и тоа и тогаш колку што беа Челзи добри, толку и они беа лоши па успеаа да ги демолираат. Од тогаш, двете против Ливерпул во кои и не бевме нешто многу подобри, мизеријата против Барнли, три ептен тешки минимални победи против Евертон, Вила и Вест Хем, и финалето против Тотенхем кое беше тактички добиено, пак без некоја ептен добра игра.

Тоа вчера беше дното. Мизерии. Ептен сакам да ги мразам сите после такви изданија. Секако дека не можам, ама можам воопшто да не ги жалам поради тоа што им се случи. Изгубени на терен сите до еден. Наместо надигрување против 10 играчи, повеќе време се жалеа на повреди и се расправаа со противнивничките играчи. Епа после таква мизерија, воопшто нема да земам да ги жалам сега.

Реков веќе, ЛШ секако знаев дека нема шанси да се освои сезонава, само подобро ќе беше да испаднеме со добра игра, а не онака. И покрај феноменалниот старт на сезоната, се осеќа дека тимов уште не е способен за доминација во сите натпреварувања. Уште го нема тој голем шампионски менталитет со кој во секој натпревар ќе влегуваат победнички и ќе им внесат страв на противниците уште од почеток.
Ама ете, еден трофеј е освоен, а на добар пат сме да го освоиме и вториот кој е апсолутно најбитниот сезонава и јавно се кажува уште од почеток дека тоа е приоритетот. Нејќам ни да помислувам дека има некакви шанси да се прокоцка и лигата затоа што тоа ќе боли премногу. Мора Мурињо да им внесе дополнителна мотивација сега, а играчите мора да си ја вратат формата за да може до крај да се изигра како што треба. Уште 11 натпревари ни остануваат за играње сезонава. Мора на сите да се пристапува како финале.

Е после освојување на лигата, ќе може да се создаде тој менталитет кој е потребен. Секако, еве нема да заборавам и Мурињо да го спомнам. За мене, а и за повеќето он е над се и имам потполна доверба во него. Ама знае да биде ептен претпазлив, во секој натпревар да влага премногу тактички, пробувајќи некако да го надмудри противникот и да дојде до победа, најчесто со еден гол предност. Често и му функционира тоа, ама мора некогаш да го искористи целосниот потенцијал на тимот. Мора со играчи како Хазард, Фабрегас, Оскар, Вилиан, Коста да излезе и едноставно да ги пушти да се надигруваат со противникот. Го имаат квалитетот за такво нешто.

Тоа е тоа. Одиме на лигата, мора да се освои. Се надевам дека во сабота против Сотон ќе видиме тим желен за победа и дека ќе видиме повторно супериорност над противникот, а не мачење до последна минута. Секако дека ќе биде тешко, ама мора да се вратат со многу повеќе мотивација после тоа вчера.
 
Ја сакам да ја имаме играта што ја имавме со Анчелоти.
А Луиз нека пуши сега нема потреба да се правда се испонаша како идиот
 
И здравје од наредна сезона, што помалку Бразилци во тим (или играчи кои доаѓаат од тој континент), тоа подобро за тимот.
 
Вчера бразилците доминираа со најглупи одлуки, Рамирес и Оскар добија најглупи жолти , Силва направи најглуп пенал, за Коста знаеме...
 
Вчера бразилците доминираа со најглупи одлуки, Рамирес и Оскар добија најглупи жолти , Силва направи најглуп пенал, за Коста знаеме...
Луиз се направи кретен и така
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom