Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Што мислевте за Луис против Шалке? Ни беше еден од најдобрите на терен според мене и може многу да му помогне на Хазард во офанзива. Сигурно нема да сака Мурињо да ја менува ептен одбраната баш против Сити, иначе јас би пробал со Азпи, Тери, Бане, Луис.
 
Сепак добар си е Бане десен бек мислам, така поќе помага во нападот :)

Куртоа
Иванович Тери Кејхил Луис
Матич Рамирес
Ширле Фабрегас Азар
Коста

Мислам вака ќе почни Мурињо утре.
 
Куртоа
Иванович Тери Кејхил Азпи
Рамирес Матич Фабрегас*
Вилиан Коста Азар​

*не знам дали ќе има храброст да го седне Фабрегас на клупа, затоа што колку и да помага во напад, толку прави грешки на своја половина, а тоа може да значи многу против Силва, Насри, Агуеро... Мислам дека подобро решение би бил Микел
 
Што збори овај Фабрегас на клупа бе? Нешто сум пропуштил? Заедно со Коста и Хазард ни е најклучниот играч, не збори глупости, баш со екипи како Сити ни треба Цеск, да пушта долги пасови до Коста и Хазард на крила, да поврзува средина со напад, тоа ни фалеше минатата сезона. За дефанзивен дел мислам дека Матиќ и Рамирес лани покажаа против Сити како се става Јаја Туре у џеб.
 
Све е тоа ОК, незаменлив е во тоа што го наброја, ама мислам дека треба да се стави повеќе акцент на одбраната против Сити. Лани кога игравме против нив бевме во одлична дефанзивна форма, а сега имаме 6 гола на 4 натпревари примено...
 
Челзи сезонава игра поофназивен фудбал за разлика од лани. Во нападот учествуваат повеќе играчи и нормално е да примаме повеќе голови.
На тоа се должи примањето на толку голови, не дека играчите во одбраната нечинат.
Плус имаме и нов голман што е многу битен фактор во одбрана му треба малку време за да ја среди комуникацијата со играчите пред него.
Примивме неколку голови поради лошо позиционирање на бековите ама добро подобро сега нека грешат од што во вториот дел каде што утакмиците се побитни.
Тери и Кехил нема потреба да се чепкаат, тоа дуо е најјакото со кое располагаме во моментов.
Е сега треба да има ротации помеѓу Иванович, Аспи и Луис како и меѓу Чех и Тибо.
Некои да добиваат шанса во пл некој во лш.
За голманите мое мислење е дека Тибо треба да брани премиер лига а Чех лш. И грешка му беше што Мурињо не го стави Чех меѓу стативите против Шалке.

Сити на Етихад се многу незгодни, последниве се речиси непобедливи таму, така да нема потреба од претерано офанзивна игра. Нека се стават што повеќе играчи во средината и нека се чека на контра.
На мене лично ми одговара и 0:0 само да не е пораз.

Тибо
Бане Кехил Тери Аспи
Матич Рамирес Фабрегас
Оскар(Салах), Хазард
Коста.

Салах би го ставил на крило поради брзината со која располага и е одличен за контра, ма да мислам дека нема да добие шанса од првата минута, евенутално таму 70+ да влезе.
Рамирес треба да е сигурен стартер како дм заедно со Матич, Фабрегас малку да има поофанзивна улога, останатато како понормала.
Ете шанса може да добие и Чех утре. Замислете колку има да биде мотивиран. :)

Тоа е тоа, утре нема да сум во можност да гледам па молам тука кој има малку повеќе време да пише некое поопширно мислење.
Донев тебе те задолжувам да ставаш видео од натпреварите кога играме по можност од јт.

Ајде па се читаме таму за 15 дена. Поздрав.
 
Одиме малце појако!
#Aзар vs Забалета :pos:
iI5nsNXNvjSsF.gif
 
Салах сеа едвај на клупа ако го ставаат, па уште стартер. :D Шурле и Азар по крилата треба да се утре, па во зависност од резултатот Оскар после. Оскар е тип на играч што може да седне на топката, да ја умртви малце играта (тоа ако е повеќе во средината позициониран). Тоа е таман во ситуација кога актуелниот резултат одговара. Битното е да не се дозволи Сити комплетно да наметне нивна игра и еден брз гол од нашиве би дошол ептен добро. Еден од клучот е затварања на Јаја. Ако он се неутрализира, многу полесно е. Агуеро не знам дали ќе почне прв тим, можно е, со оглед дека му оди против нас (за разлика од Џеко). Интересно ќе биде и да се види дали Пелегрини ќе се реши на нешто позатворена средина, со двајца последни во средината (Фернандињо и Фернандо, т.е. вториов ако е здрав) и Јаја пред нив, или со Фернандињо и Јаја позади, Насри, Силва и Навас позади Агуеро/Џеко.
Забалета ќе игра прв тим така? Ако да, тогаш можеби е попаметно Шурле да оди лево, со оглед дека ќе затвори евентуално втрчување од втор план на Забалета. Додека од другата страна Клиши верувам ќе стартува со оглед дека е нешто појак во дефанзива од Коларов и самиот тип на бек е подефанзивен со цел да не се случи ситуација во која двата бека се напред и одбраната е ранлива. Како и да е, поради брзите крилни играчи (+Коста кој е брз и може да повлече контра), не верувам дека Сити ќе нападне уште одма, бидејќи дури и најмалата дупка може да биде искористена. Така да, 0-2 гола мислам ќе биде за типување оваа, со оглед дека во првите пола саат и двете екипи ќе играат претпазливо. Е сеа, ако згрешам со „прогнозава“, јбг, не сум фудбалски експерт. :D
 
Ја мислам ваѓаме 3 бода денеска некако после трета смена сум позитивно расположен :P
 
Според мене бидете поолабаени :icon_mrgr:
Мурињо си ја знае работата, ако играчите го спроведат тоа на терен како што треба победата е сигурна :cool:[DOUBLEPOST=1411296873][/DOUBLEPOST]Иначе, денес нашата Легенда ќе биди во тимот против кој играме во ова дерби

Frank-Lampard_3206144.jpg
 
Последно уредено:
И реми не е лошо против овие, ама победа си е победа :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom