Па пишав ја погоре за Пиазон, мислев дека ќе се развие дискусија за него. Не само и за Пиазон, туку и за нашиот фидер клуб Витесе кои се први на табела во Холандија благодарение на наши таленти. Ама си добив лајкче од дежурниот на форумов - Змејски, и то је то.
Епа Пиазон уште кога дојде нели цело време се збореше дека е следниот Кака, дека голем потенцијал има. Засега мислам и дека добро се покажа, прво во Малага малце искуство и сезонава во Витесе. Баш пишав пред некое време дека е најдобар стрелец и асистент во тимот што е одлично за 19 годишно дете. Е сега само треба да биде константен цела сезона, да не се изгуби одеднаш и да го нема до крај и да остане само на добар почеток. Како Марин на пријателските што растураше па после мислам се повреди и сега не знам дали игра многу.
А одлично е што имаме клуб како Витесе кај што може да им се гарантира место во прв тим на нашите младинци. Може и уште подобро да е доколку земат титула. Си пратил играчи на позајмица, а му помагаат тимот да дојде до титула.
Е сега реално јас не гледам можност бар оваа и следната сезона да добие добра шанса некој од младиве во Челзи. Тимот е голем и нема баш простор за давање шанси на деца. Дури и кога има можност за ротација, имаш играчи од првиот тим кои не играле и на кои треба да им дадеш шанса да се покажат.
Ама, Мурињо кога дојде кажа дека е дојден за да остане долго време, да му даде стабилност на клубот, да работи и со академијата, да се даваат шанси на нашите млади играчи. За сето тоа треба време, не може одеднаш да почнеме да функционираме како таков тим.
Имаме огромен број на таленти кои покажуваат потенцијал, нема збор за тоа. Е сега дали ќе се промени начинот на работа и ќе почнат играчи од академијата да се пробиваат во прв тим или пак академијата на Челзи ќе стане позната по тоа што ќе произведува квалитетни играчи ама за други тимови, ќе видиме
Иначе прес конференција ќе има за пола саат
тука