Најава:
Челзи - Сандерленд
Стемфорд Бриџ,Лондон
Недела 17:10 h
Фудбалерите на Челси во ова коло го пречекуваат тимот на Сандерленд, тим кој лани на овој ист стадион беше демолиран со огромни 7 - 2. Тимот на Челси во средата повторно му се одлепи на Манчестер Јунајтед на плус четири а овој викенд имаат убава можност таа разлика да се зголеми, бидејќи тимот на Анчелоти е апсолутен фаворит на хартија.
Сепак, и кај популарните ’црни мачки’ не е така лошо бидејќи тимот предводен од искусниот Стив Брус има два одлични последователни резултати. Тие во вторникот одиграа 1 - 1 на гостувањето кај Тотенхем, а минатиот викенд го совладаа тимот на Стоук со 2 - 0.
Челси:
Што се однесува до повредите и оние кој немаат право на настап во тимот на Челси повторно не е така розов. Френк Лампард повторно го пропушта и овој натпревар иако се очекуваше како и неколкуте кола пред ова да се врати на терените, сепак најновите вести велат дека тоа ќе се случи дури за три недели.
Веќе добро познато е дека во тимот нема да го има Јуси Бенајун кој се жали на повреда подолг период. Што се однесува до суспендираните играчи ќе го нема одличниот Микел Есиен, кој заработи црвен картон во дуелот против Фулам.
Мала неизвеснот постои околу играњето на Алекс и Анелка но според зборовите од клубот тие се очекува да настапат во дуелот со Сандерленд.
повредени: Френк Лампард, Јуси Бенајун, Анелка (?), Алекс (?)
суспендирани: Микел Есиен
можна формација: Чех,- Кол, Ивановиќ, Босингва, Тери,- Жирков, Микел, Рамирес,- Дрогба, Калу, Малуда.
Сандерленд:
Тимот пак на Сандерленд нема да може да смета на нивниот најдобар играч Дарен Бент. Џон Менса исто така поради повреда на рамото го пропушта овој дуел, а Антон Фердинанд има мали шанса да се појави утре исто така поради повреда.
Фрејзер Кембел, Мет Кигалон и Треворс Карсон поради повреди исто така се надвор од комбинација за утрешниот дуел.
повредени: Дарен Бент, Џон Менса, Антон Фердинанд (?), Фрејзер Кембел, Мет Кигалон, Треворс Карсон
суспендирани: /
можна формација: Гордон,- Брембл, Тарнер, Онуоха, Ричардсон, Зенден, Еимохамади, Катермол, Хендерсон, Малбранк, Гиан.
Некои факти пред натпреварот:
* Челси ги добил последните единаесет натпревари помеѓу овие два тима, а Сандерленд на тие натпревари постигнал само седум погодоци.
* ’Црните мачки’ примиле неверојатни дваесет и два погодоци во последните шест гостувања на Стемфорд Бриџ.
* Челси нема примено гол во последните 891 минута на Стемфорд Бриџ. Последен кој постигнал гол бил Џон Керју од Астон Вила на 27 март годинава.
* Само екипите на Евертон, Манчестер Сити, Арсенал и Челси имаа помамалце примено голови од Сандерленд, кој има само 13 примени погодоци сезонава.
* Стив Брус нема добиено ниту еден натпревар во последните четири години во главниот град на Англија.
* Челси досега има упатено осумдесет удари кон привничкиот гол. Најмногу во целата дивизија оваа сезона.
* Овој дуел е 112 помеѓу овие два тима. Предходните 111 го имаат следниот скор: Челси победил 51 пат, Сандерленд 38 пати, додека 21 пат натпреварот немал победник.
--- надополнето ---
Играат по 60 меча во сезона велиш.
А играчите на
Реал Мадрид,Барселона,Интер,Милан,Баерн,Јунајтед,Арсенал . . . тие не играат 60 меча во сезона?