Фан Клуб: Борусија Дортмунд

Не гледам зашто да не пробаат...
Никој од поголемиве играчи не се интересира за играчов...
Ниту ПСЖ, ниту Сити, или било кој друг кој може да искешира таква сума...

На играчот му останува единствена дилема, Ливерпул или Борусија Дортмунд, избор кој е уствари no brainer...
Клоп vs Роџерс?
ЛШ vs Лига Европа?

Играчот веќе го одбрал Дортмунд, тоа не е спорно повеќе. Ама не верувам дека ќе попуштат од Шахтјор. Ако намалат до 28 мил.евра или воопшто нема да го продадат. А ако Дортмунд не се спремни ни 28 мил. да платат тогаш проблемот е до нив.

И од кај да знаеме, можеби Ливерпул ќе платат 30 мил.евра.

Фернандињо го продадоа за 35 мил.евра така да тоа се кажува.
 
Игорче ама и вашите ја тенчат. Сити плати за Фернандињо 35 мил.евра, а вие за 23 мил.евра сакате подобриот играч на Шахтјор да им го земете. Е нема така. И Мартинез не вредеше 40 мил.евра ама немааа избор нашите веќе и платија. Напумпани се цените веќе денешно време и ако сакаш квалитет плати па клати.

Дортмунд во времетo за Левандовски за 500.000 ЕУР се ценкаше и не гледам оти сега да им фрлат 7м ЕУР без потреба. Не е работата само брзо да се земе некој играч за многу пари, има и други опции. Дортмунд мора да гледа на парите, секој заштеден милион може да се даде за други играчи или за продолжувајне на договорите. Дортмунд сигурно си има ставено граница која ја гледам кај 25м ЕУР но нормално е да се почне со помала понуда и да се преговара. Мартинез е друг случај, имаше клаузула и плус Баерн има дупло поголеми приходи него Дортмунд и може да си дозволи секоја година таков трансфер, Дортмунд не може. Со успехот во ЛШ и продажбата на Геце имаат вондредно многу поќе пари за трошејне ама и следната година треба замена за Лева. И на крај тој играч не вреди 30м ЕУР да сме реални. За тие пари Иско го зеде Реал на пример. Дортмунд не е клуб кој се расфрла со пари и искрено тоа ми се допаѓа. Истото со Бернард, прво бараа 12м ЕУР па сега 25м, е нема. Чао пријатно има и други играчи кој можат да се земат. Уште до 31.08. трае трансферпериодот па има уште многу време да се комплетира составот.
 
Дај бе толку пара за Мкхтаратанстнсајан нема смисла. До вчера никој не го знаеше овој. Дал 20 гола, голем кур бе, на кој ги дал тие голови? На Арсенал Киев, на Карпати и на Металист ли? Кој дефанзивци играат во тие екипи знае некој? Нека се среќни 20 што ќе земат и тие им се многу. Глупа работа,
 
Јас не викам дека вреди 30 мил.евра ама така оди бизнисот денеска. Ако платиш го имаш ако не, не се ни обидувај. Сигурно дека и Фернандињо не вреди 35 мил.евра ама добија толку. Така да и вие ако сакате добар и квалитетен играч ќе платите 28-30 мил.евра.

Па Перишиќ го продадовте во јануари за 8 мил.евра. Геце сега за 38 мил.евра + колку земавте од ЛШ така да ништо страшно ако платат 30 мил.евра за еден 24-годишен играч.

Никој не вика да се расфрлате сега. За Сократис плативте 9 мил.евра, за Африканецот 13 мил.евра и еве остануваат точно 28 мил.евра за Хенрик од предвидените 50 мил. евра за трансфери.
 
Играчот веќе го одбрал Дортмунд, тоа не е спорно повеќе. Ама не верувам дека ќе попуштат од Шахтјор. Ако намалат до 28 мил.евра или воопшто нема да го продадат. А ако Дортмунд не се спремни ни 28 мил. да платат тогаш проблемот е до нив.

И од кај да знаеме, можеби Ливерпул ќе платат 30 мил.евра.

Фернандињо го продадоа за 35 мил.евра така да тоа се кажува.

Да де, ама, на тим кој не прашува за суми, и кој не знае да се ценка...
Се согласувам дека ако вреди играчот, треба да се плати убава сумичка, но не гледам ништо лошо, ако тимот се обиде да го купи играчот по пониска цена...
Ако разликата е мала, тогаш е навистина штета ако не го купат, како на пример Ливерпул што не го зедоа Демпси за 2 милиончиња...
 
Дај бе толку пара за Мкхтаратанстнсајан нема смисла. До вчера никој не го знаеше овој. Дал 20 гола, голем кур бе, на кој ги дал тие голови? На Арсенал Киев, на Карпати и на Металист ли? Кој дефанзивци играат во тие екипи знае некој? Нека се среќни 20 што не земат и тие им се многу. Глупа работа,
Епа тоа е. Дортмунд зеде сега одличен играч од Франција за 13м ЕУР, докажан во голема лига и втор стрелец после Ибра. А Хенрик, не дека е слаб играч, ама играше во Украина и постој сепак ризик дали ќе се вклопи, иако мислам добро ќе се снајде ама никако за 30м ЕУР не змее да се земе. За тие пари Ламела, Јоветиќ, Ериксен плус Љајич може да се земат.
--- надополнето: 5 јули 2013 во 01:42 ---
Јас не викам дека вреди 30 мил.евра ама така оди бизнисот денеска. Ако платиш го имаш ако не, не се ни обидувај. Сигурно дека и Фернандињо не вреди 35 мил.евра ама добија толку. Така да и вие ако сакате добар и квалитетен играч ќе платите 28-30 мил.евра.

Па Перишиќ го продадовте во јануари за 8 мил.евра. Геце сега за 38 мил.евра + колку земавте од ЛШ така да ништо страшно ако платат 30 мил.евра за еден 24-годишен играч.

Никој не вика да се расфрлате сега. За Сократис плативте 9 мил.евра, за Африканецот 13 мил.евра и еве остануваат точно 28 мил.евра за Хенрик од предвидените 50 мил. евра за трансфери.

Неможе Дортмунд така да работи, ако не се договорат ќе бараат друг играч. Немора по секоја цена да се земе тој играч. И плус треба уште по некој играч да се земе во Дортмунд, тие 7м ЕУР што ќе останат баш за тоа се предвидени.
 
Искрено, ако Дортмунд ги даде сите тие пари за овој Ерменецов и не го земе барем Ериксен, јас нема да сум задоволен од тоа каков тим ќе имаат за наредната сезона. Аубамејанг, или како и да е, го неам пратено воопшто, ама ај и тој се надавал голови, ем сумата е пристојна...така да вреди да му се даде шанса. Од друга страна М-јан не го гледам како замена за Геце. Ериксен колку толку повеќе ќе држи. :) Иско да можеа да го земат ќе завршеа одлична работа, ама јебига.

Igorcemk у исто време сме пишале за Ериксен. :D Ако може за тие пари Ериксен и Ламела да се донесат, мислам дека подобро им е да им го остават на Шахтјор овој, па нека го продадат за 10 кога ќе му дојде договорот при крај. :)
 
Ериксен изгледа е задна опција оти не се целосно од него убедени. Добар талент е, ија сум за да се донесе ама моментално бараат подобри играчи од него. Ериксен имал и доста слаби настапи во Холандија и исто така иде од послаба лига. И кај него постој ризик. Али сумата е пореална кај него, до 12м на пример.

Иначе освен Геце никој не заминал од првиот тим. Ако го земат Хенрик и Аубе мислам одлично го заменија. Исто така со Сократис добар трансфер направија.
 
Дај бе толку пара за Мкхтаратанстнсајан нема смисла. До вчера никој не го знаеше овој. Дал 20 гола, голем кур бе, на кој ги дал тие голови? На Арсенал Киев, на Карпати и на Металист ли? Кој дефанзивци играат во тие екипи знае некој? Нека се среќни 20 што ќе земат и тие им се многу. Глупа работа,

Е да и тоа шо викаш. Против Арсенал Киев. Хах.

Во сезоната 2010/2011 во група со Арсенал и Брага завршија на 1-то место. Потоа во осминафиналето ги исфрлија Рома со вкупен резултат 6:2 и во четвртфиналето испаѓаат од Барса.

Изминатата 2012/13 сезона завршија 2-ри во група со Јуве и Челзи и во осминафиналето испаднаа од Дортмунд.

Инаку Шахтјор на Металург Доњецк платиле летото 2010 околу 8 мил.евра за него.

Колку само ги потценувате ваквите екипи. (n)
 
Ама тој си е екстра играч ама за 30м ЕУР знајш какви играчи се земаат? Ти спомнав со тие пари Ламела и Јоветич мојш да ги земеш. Играчи, кој се докажаа во една од големите лиги.
 
Ама тој си е екстра играч ама за 30м ЕУР знајш какви играчи се земаат? Ти спомнав со тие пари Ламела и Јоветич мојш да ги земеш. Играчи, кој се докажаа во една од големите лиги.

Хенрик игра на позицијата 10-ка. Вие тоа го барате. Ројс лево да игра и Куба десно, а Ламела и Јоветиќ ти се напаѓачи. Ламела може и како крило, но во формација со 3-ца напаѓачи. Го зедовте Африканецот вие кој е напаѓач така да сигурно нема уште еден напаѓач да купувате освен Лева ако го продадете.
 
Таа позиција може и Ројс да ја исполни а лево Аубе десно Куба пример. Аубе може како и Ројс на сите офанзивни позиции да игра, Хенрик поќе е централен тоа да, ама и Јоветич може во средина малце повлечен да игра. Сакам да кажам, тоа со позициите не треба толку тесно да се гледа оти скоро сите се поливалентни играчи и можат да ротираат. А за 25м ЕУР Дортмунд може на пример да земе Ериксен и Љајич во пакет. Ќе видиме што ќе испадне, се надевам на 25м ЕУР и ќе го земат оти очигледно Клоп го сака и има некоја замисла, но има исто така други опции. Ете првата де Брујне не испадна па пак се најдоа други алтернативи.
 
Е да и тоа шо викаш. Против Арсенал Киев. Хах.

Во сезоната 2010/2011 во група со Арсенал и Брага завршија на 1-то место. Потоа во осминафиналето ги исфрлија Рома со вкупен резултат 6:2 и во четвртфиналето испаѓаат од Барса.

Изминатата 2012/13 сезона завршија 2-ри во група со Јуве и Челзи и во осминафиналето испаднаа од Дортмунд.

Инаку Шахтјор на Металург Доњецк платиле летото 2010 околу 8 мил.евра за него.

Колку само ги потценувате ваквите екипи. (n)

Не си ме разбрал брат. Не викам јас дека Шахтјор е слаб тим. Напротив, ептен ми се допаѓа начинот на кој функционират. Ама оди види колку голови има дадено против Арсенал и Брага овој фудбалер. Или против Челзи и Јуве. Според тоа што го пишува на Вики, се на се има 2 гола против ЛШ и двата против Нордсјеланд. Јас не викам дека не го бива, уствари неможам да кажам било што за него, бидејќи го неам гледано воопшто. Ама 30 милки....што се многу - многу се. :) Па види Руни сакат за 25 да им го земат на Манчестер.

Igorcemk правам муабет во случај да замине и Лева. :)
 
Не си ме разбрал брат. Не викам јас дека Шахтјор е слаб тим. Напротив, ептен ми се допаѓа начинот на кој функционират. Ама оди види колку голови има дадено против Арсенал и Брага овој фудбалер. Според тоа што го пишува на Вики, се на се има 2 гола против ЛШ и двата против Нордсјеланд. Јас не викам дека не го бива, уствари неможам да кажам било што за него, бидејќи го неам гледано воопшто. Ама 30 милки....што се многу - многу се. :) Па види Руни сакат за 25 да им го земат на Манчестер.

Да, ама ти викаш ех против Арсенал Киев ми играл, кој е тој. Јас ти одговорив дека играл против силни тимови и тоа знаеме и каков убав фудбал играат. И Мартинез не вредеше 40 мил. евра ама тоа е. И Фернандињо сигурно не вреди 35 мил.

Со тие 28 мил. евра за Хенрик испаѓаат точно 50 мил.евра - сума која ја предвидува управата на Дортмунд за трансфери ова лето.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom