Еве текст на утрински од кој се гледа дека Беласица во 2001 е пререгистрирана од  здружение на граќани во трговско прерпеијатие
                                                                                                 Општина Струмица ја тужи Беласица
 
 За да се средат состојбите во Беласица, еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија во кој владее вистински хаос се вклучи и Општината на Струмица која сака да им помогне на фудбалерите за да можат редовно да тренираат и да ги играат натпреварите на еден од најубавите стадиони во Македонија. Како што е познато претседателот на клубот и практично сопственик на Беласица Ванчо Таковски со помош на Агенција за обезбедување „Гепард“ не им дозволуваше на фудбалерите на Беласица да тренираат на стадионот. Тој веќе подолго време и не се појавува во клубот, играчите речиси една година немаат примено ниту денар, месечни примања немаат ниту вработените на стадионот за кој веќе три години не им се платени ниту придонесите. Ванчо Таковски со Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти има потпишано договор за закуп на стадионот на 25 години и се смета за газда на овој голем спортски објект и практично прави што сака. 
Меѓутоа на последниот состанок Општина Струмица донесе одлука да поднесе тужба против Беласица во Основниот суд во Струмица и да побара да се донесе времена мерка за „отворање“ на стадионот Младост и пристап на играчите на Беласица во неговите простории и на терените. Завчера беше одржано првото рочиште во Основниот суд во Струмица на кое присуствуваа тужените претседателот на клубот Ванчо Таковски и директорот Митко Марангозов. Од нивна страна беше ветено дека ќе им дозволат на фудбалерите да играат на стадионот и да го одиграат денес првенствениот натпревар со Караорман. Доколку тоа не го сторат судот ќе им наложи на судските извршители со помош на полицијата да им дозволат пристап на играчите на Беласица за да можат вчера попладне да тренираат а денес и да го одиграат натпреварот со Караорман.
Во секој случај Општина Струмица е цврсто решена да се расчистат нездравите односи во Беласица, да се види колкави се вложувањата на Ванчо Таковски во реновирањето и доизградбата на стадионот Младост, да се провери и регистрацијата на Беласица која некаде во 2001 година од Здружение на граѓани беше пререгистрирана во трговско претпријатие како приватен клуб. Во текот на наредните денови закажано е уште едно рочиште во Основниот суд во Струмица каде треба да бидат презентирани сите материјали околу преземањето на Таковски на Беласица, колку се тие негови документи валидни, но желба на сите е наскоро да се одржи вонредно собрание да се избере нов претседател и нова управа за да Беласица тргне по стапките како пред неколку години кога беше еден од најдобрите фудбалски клубови во Македонија. 
http://utrinski.com.mk/?ItemID=91E18C13A37B414EA69F3D9787745D79
Инаку Градоначалникот кажа дека нашол спонзори да ги мотивирааат младите фудбалери да издржат до јануари кога ке дојдат засилувања и ке се бориме за прва лига.Исто така најви дека за 2-3 години Беласица ке се врати во врвот и ке се бори за титулата