Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата LaVista
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Рафа Маркез наредната недела официјално ќе потпише со Њујорк Ред Булс.
 
Може да одиме на шопинг кај газдиве
Сити треба да го скрати тимот од 37 на 25 фудбалери за еден месец
Mancini-460-citi7.jpg
Во следните неколку недели Манчестер Сити ќе стави на продажба голем дел од своите фудбалери откако големиот тим од 37 фудбалери треба да биде скратен на 25 Според новите правила на Премиер Лигата секој тим ќе може да регистрира 25 фудбалери во новата сезона а во овој момент големиот трошаџија Манчестер Сити во својот состав има 37 фудбалери. По ангажманот на Џером Боатенг, Давид Силва, Јаја Туре и Алесандар Коларов, Манчестер Сити сега ќе почне голема распродажба на своите играчи и според медиумите играчте од типот на Крег Белами, Нигел Де Јонг и Стефен Ајрланд, Вејн Бриџ и Робињо ќе мораат да заминат од Истлендс.
Манчини, кој посакува до крајот на трансфер периодот да ги ангажира уште Џејмс Милнер и Марио Балотели, е свесен дека Сити наскоро треба да почне да се ослободува од вишокот на играчи.
“Знам дека треба да продадеме некои играчи бидејќи за дваесетина дена ќе треба да имаме листа од 25 фудбалери.” – рече Манчини.
“Разочаран сум бидејќи некои играчи сега треба да менуваат тимови. Тешко е за нив да играат за нас.”
“Кога играте во четири натпреварувања потребно е да имате широк состав или во спротивно ќе се најдете во проблеми. Затоа е важно да имаме 25 фудбалери.”
Според новото правили во Премиер Лигата, секој тим мора да регистрира тим од 25 фудбалери од кои осум треба да бидат ’домашни’ фудбалери.
За фудбалерите да се сметкаат како домашни треба да играат за клубот кој е регистриран под Англиската или пак Велшката ФА три сезони сепред да наполнат 21 година.
Со заминување од Манчестер Сити исто така се поврзуваат и Пабло Забалета, Винсент Компани, Шон Рајт Филипс, Недум Онуоха, Мика Ричардс и Џо.
http://www.24fudbal.com.mk/Default....-4651-9da9-9496c652c0ff&ln=3&typeBack=default
 
Мика Ричардс е доста добар играч, Де Јонг за на средина супер би бил
 
7 милиони по сезона:aplauz:
Алал нека им е.
 
Ако стварно во ПЛ мора да се има максимум 25 играчи, сега е шансата да се користи. Посебно кај Сити. Они имаат многу играчи и екстра добри. Ако го пуштат Де Јонг, супер деструктивец. Компани е добар стопер.
Сега мора да се ќари. Евтини играчи за на клупа. :icon_lol:
 
Не ми се верува да купиме некој нов играч, само Фабрегас го молиме а не им текнува дека со Трајче ќе си останеме на оваа позиција има време за Фабрегас и ако дојде демек ќе игра прва постава пред Чави и Иниеста? место Фабрегас нека одат да молат некој јак деструктивец од типот на Сисоко, Де Јонг,Маскерано и ред други...
 
А шо демек Бускетс слаб е?
А не дај Боже да се повреди Пиќе комотно може да игра на таа позиција.
 
Бускетс е супер... Ако доведуваме Дм само ќе му е замена. На Мундиалот како да гледав нов Серџо. Ми се чини дека ќе стане еден од најдобрите деструктивци.... Инаку КРАЕН РОК ЗА ЦЕСК Е НАРЕДНИОТ ПЕТОК !!!!!
 
Што ќе ни се ѓубрињата на Манчестер Сити.На тие не им требаат а демек нас ќе ни требаат тие играчи!
Им го дадовме Туре а сега ќе им го земеме Де Јонг.Не ни треба Де Јонг!
Се што треба е да се донесе еден играч кој ќе ротира со Бускетс на таа позиција,а меѓутоа да биде квалитетен и да не се буни што некои натпревари ќе ги помине на клупа.Најдобро би било да земеме некој млад играч пред кого има светла иднина или да земеме некој како Сена кој може да биде достојна замена!
Но на крајот Пеп знае повеќе,и што и да одлучи стручниот штаб ние треба да веруваме во нивниот избор.
 
И Кеита изјави дека ако е потребно и ако се побара од него ќе игра како деструктивец.
 
Не е проблем дали некој сака да игра на таа позиција или не. Може и Меси да го стави Пеп таму да игра ако сака. Проблемот е во тоа што треба да може да одигра добро на таа позиција. Кеита играше прилично лошо таму во првата сезона во Барса, ама затоа лани играше одлично кога му беа зададени поофанзивни задачи.

Сега за сега Сена од Виљареал изгледа најдобро решение. Ако не се прилагоди добро не е страшно затоа што е стар и ќе мора да оди во пензија и нема да го попречи евентуалниот трансфер на Цеск затоа што нема да кошта повеќе од 5-6 милиони.
 
Шо ке ви се ѓубрињата на Сити? Ако Де Јонг за вас е ѓубре, тогаш мењаајте спорт другарчиња...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom