Токму Златан е тип на напаѓач кој и треба да Барса... што мислиш зошто Пеп го бара уште од лани? Тој сака играч кој ќе игра со глава, играч кој има висина, притоа и брзина и добра техника. Сака играч кој ќе може да игра на лева и на десна крилна позиција и притоа на тие позиции да прави доволно штета на противничката одбрана. Можеш да се сетиш на некој подобар од Ибра за таква улога? Башка таков расен голгетер, со таков среден ред позади него, со Анри и Меси до него, мислиш дека нема да успее ? Кога во опција беа Виља и Форлан, нормално дека бев за Виља, но сега би го одбрал Ибрахимович. Таков тип на играч и е потребен на Барса, Пеп го знае тоа.