Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата TripleH
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Хахаха, уште и црвен.. лелелеее
 
После понижувањево, можи и ќе сфатат на што се.

Резил, со ваков перформанс, со вака повлечена игра, со влегување во дуел со страв... не се стига до титули. Добро ќе биде ако има бар чесен пораз, ете моментално Анри 4-1... сепак премалку е. Кукавичлук, навистина кукавичлук, па и потегот на Ето и потегот на Чави. Од ниско, пониско.

Барса, каде што Појол не знае да сопре играч, Барса која што ја носи еден тинејџер, Барса која е со катастрофален посед, Барса која игра повлечено, Барса која не предизвикува воздишки и аплауз кај секој љубител на фудбалот. Барса која што не влева страв во коските на противниците... е тоа форумџии, не е Барса.

Сакам промени, сакам враќање на тимот од пред две сезони. Сакам непобедливност, аплаузи од Мадриѓаните, нови играчи, свежина во тимот, хармонија... и титула во холот на Камп Ноу. Лапорта, ти си на ред.
 
Се прашувам што ќе изјави Рајкард ?

Можеби ќе смисли нешто во типот на " Не бевме доволно спремни за натпреварот и изгубивме заслужено "

Честитки до навивачите на Реал, морам тука зошто сум баниран од вашата тема.
 
Како и секогаш... Изгубивме со достоинство бла бла бла бла... ај деф од него веќе, ми се смачи да го гледам.

А и да кажам дека Меси неможе сам да игра. НЕ МОЖЕ.
 
Не мислев дека олку ке примите ама можевте најмалце да примите уште 2
 
Фала на информацијата, незнаевме ние.
 
знам дека ви е тешко вечерва, ама не заборавајте зошто го сакате клубов!
 
Yay, навивав за Реал вечерва! Сега сигурно лета Рајко!
 
Ова беше како шлаг на торта за катастрофалната сезона.Многу лоша тактика имаше Рајкард едноставно како да немавме средина,а за во нападот Бојан не е сеуште за вакви натпревари.Ова Валдез многу ме изнервира цело време нешто се бунеше,воопшто не беше сигурен,па почна и да се преправа али си доби жолт.Нормално дека Меси не може сам да игра му фали Роналдињо.
 
Катастрофа,Кркич шпиц,Анри лево крило...........да беа сите барем пола од Меси,ќе тепаа се живо и диво.....браво Реал,играат ФАНТАСТИЧНО!
 
Рајкард каков беше, дури и жал ми падна. А зашто Чави доби црвен?
 
Ваљда го опцу судијата, затоа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom