ЧЕНТО
Претседник
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 8.239
- Поени од реакции
- 4.839
Мислам дека следната сезона со Клинсман на чело реално може да очекуваме титула во лигата на шампионите.Полека работите се средија во Баерн,имаме супер,и плус со Клинсман на чело,ако добро се уиграат,имаат реални шанси за успех во ЛШ!Со некои мали корекции летово,може да се направи одличен состав!Одбранта е првокласна со најдобриот лев и десен бек во светот,Лам и Сањол,плус Лусио и Демикелис.Средината е супер само треба уште малце да се уигра,да се види на пример десното крило не е дефинирано,има ротации,плус со Боровски и ван Бомел во дефанзивниот дел е екстра.Ако Соса влезе во топ форма ондак нема проблем,сепак да почекаме,но мислам дека за освојување на ЛШ потребно е да купат уште еден ко Рибери,сезоната е долга,има многу мечеви,не може се да биде на грбот на Рибери,но ќе видиме.За нападот нема потреба од коментар,моментално го имаме најдоброто напаѓачко дуо во светот!Искрено најголема надеж ми дава Клинсман,многу верувам во човекот,и мислам дека ќе има огромен успех!Најголема желба ќе ми биде да го видам пак Баерн ко во 2001-та со трофеј во ЛШ,и мислам дека може да успеат!