Идемо овако. Ќе пишам по кратки црти пошто неам живци за детално.
Добро си почнавме, Гибс ја усра работата и тоа е тоа. Да му ебам све живо, што да прам.
Адебајор покажа дека е најдобар напаѓач во светов, потполно ме восхитија зборовите на Тоше пред мечот и нормално како и секој пат Аде го оправдува очекувањето најдобриот напаѓач на денешницава.
Да не го заборавам исто така нашиот прекрасен тренер кој уште пред една недела рече дека ќе доминираме и ќе направиме неверојатна слика и доста различна од онаа мистериозната на Олд Трафорд. Нормално како и секогаш, in arsene we trust, па моравме да му поверуваме на неговите фантазиски реченици... кој сигурно идел на часови кај Чичко Балтазар.
Дозволи да бидеме посрамотени на Емирати, дозволи да Доминира Манчестер до крајот на целиот натпревар, дозволи да види цел свет каква брука сме на овој меч.
Друго што имам да кажам ... тоа е дека без Насри и Ван Перси ќе бидеме нула ама баш чиста нула, тие двајца едноставно ја оставаат душата на теренот. Јан Врајт имаше изјава како ретко кој го сака Арсенал во денешно време, освен Фабрегас никој не го спомна во неговото интервју. Сите се попалени по пари, од друга страна имаме дечиња кој на моменти им се врти во главата од слаломите на Роналдо.
Венгер исто така ми даде огромна надеж кога го видов Бентнер како се загрева ко некој шимпанзо и дека ќе влага во игра. Нема што да се праи, па и јас да се направам интересен ајде... IN ARSENE WE TRUST!
Сега очекувам некоја изјава од Венгер, која ке ме дрмне од столчево едноставно. Баш ама баш многу сакам сеа да го слушам, да видам и сега што ке се изнајаде бурек!
irony..
Дечки ова беше доказ, дека со вакви фудбалери ништо нема да прајме. Џабе се залажуваме меѓу себе, кога ако сакаш да си врв во фудбалот треба да имаш играчи со искуство, играчи кој ќе бидат константни, играчи што ќе го сакаат клубот, играчи што ќе го оставаат срцето на теренот.
Тоа е знак дека Венгер треба да се свести и дека дебело треба да отвори ќесето со пари пошто со неговите изјави го прави народот како нафта да пие. Мислам не сме глупи за некој работи да не ги разбереме, а верувам и Венгер нее само тешко кој му го сваќа филмот.
Многу сум незадоволен, ипак прав навивач си кога е најтешко . Солзи течеа, а по тоа сваќам колку всушност го сакам Арсенал и секогаш ќе навивам за овој тим.
Како за крај, нека им е честито финалето на Манчестер Јунајтед. Поздрав до сите нивни фанови.:smir: