1-0 победа. =) трите бода се кај нас

сега некој ке рече играте како Ливерпул... но нее така, имавме игра, имавме шанса, имавме посед на топката, одлични во одбрана, одлични во среден ред со искучок на ебуе пошто беше катастрофа, а и нападот беше океј.
Полека полека се враќаме во форма, сите изиграа супер(со исклучок на ебуе ке потсетам)
Алмуниа - солидно издаение, без некоја грешка, сигурен во интервенциите!
Сања - добар. неговата препознатлива игра беше и денес, така да нема повеќе што да ви кажувам.
Џуру- Супер, стабилен во одбрана едноставно не им даде да дишат на Камара и Хески па и на Заки кога влезе.
Силвестер- Влезе у 89 минута, и ја усра со прв контакт =)) среќа што тука беше клиши да пресече.
Туре-камо да не се повредеше... најборбен денеска на терен, со Џуру беа зид во одбрана. Браво секоја чест
Клиши- Можеше пак да усере некоја, што вообичаено го прави. Сепак секогаш изиграл добро, само да не праи толку киксеви.
Сонг-Првпат да ме задоволи овој фудбалер, не поради асистенцијата, него по целата негова игра во сите 90-минути. Супер издание за него, одлични пасови напротив без некоја поссериозна грешка.
Денилсон-Трчи-Трчи-Сопнисе-Падни. Тоа е играта на овој дечко =)) имаше една статива, што можам да кажам дека изигра океј, но мора да биде малце поцврст.
Фабрегас-Какви асистенции делеше видовте? =)) ах.. од кога стана капитен ме потсеќа на минатата година, кога беше можеби во неговата најдобра форма у негова кариера.
Насри-Немам што да кажам, освен да се надевам дека нее ништо сериозно со него!
Ебуе-беше заменет уште пред полувреме. Од тогаш беше како изгубен, немаше претстава какви грешки напраи!!! толку беше во паника, што мораше во 89 венгер да го замени со силвестер. Многу лошо! :/
Ван Перси- Солидно, имаше две не толку сериозно шанси, една од слободен, а една пред гол кога се сопна и едвај шутна али ништо киркланд одбрани...
Адебајор- Даде гол, и погоди една статива. Солиден, без некоја грешка. Слично како и ван перси.
Подобри бевме, Виган само идеше на контри и од коа влезе Заки малце по малце им живна играта. Како што реков погоре, 1-0 нее кој знае каков резултат, но според бројот на шанси што ги имавме, комотно можам да кажам дека можевме да бидеме и поубедливи.
Тоа е моето видување за мечов. Сега наредна играме со Порто во гости(среда 20:45) па потоа играме со Мидзборо дома, па со Ливерпул. Нема лабаво, не очекуваат незгодни екипи, мада со порто ке играме малце поопуштено со фактот дека веќе сме во следната фаза у ЛШ, али пред се да се гледа на победа!
За крај и голот на Аде...
http://videos.sapo.pt/38rQcRjAHaq3I4syAVBh
Поздрав.