Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво,
Бидејќи физика ќе треба да го преполагам прв колоквиум за да ме пушти а поради здравствени причини спречен сум да отидам да го преполагам, дали можеби е можно да го полагам некој друг термин или пак во јули август? Можеби звучи смешно ама дали може така или не? Фала на разбирање
Поздрав!
 
Прашај ја професорката она одлучува нез како очекуваш некој на форум да ти помогне.
 
Англиски се мине лесно?
Би требало,ама доста е потешко од другите јазици,мене ми кажаа Руски некој сами си ги прегледувале тестовите имало околу 90% 10ки,и 5-6 9ки, доколку сакаш имам листа на зборови,и испити од претходните години пиши ми пм.
 
англиски за есејот, од текстовите во книгите да се учи?
 
Може некој да ми каже каква перспектива би имал доколку се запишам на ФЕИТ? Моментално сум 4та година и се мислам помеѓу ФИНКИ и ФЕИТ
 
Некој има искуство за како изгледа дополагањето на електротехника?
 
Дали некој што има повеќе искуство на факултетов знае одприлика што е проблемот кога 3 дена пред терминот за испит сеуште нема резултати од вториот колоквиум?
Три недели поминаа од кога полагавме ПиА 1 и сеуште нема резултати...
 
Има сега
 
Дали има заинтересирани за часови ОЕ1 и Физика1 ??
 
Некој има искуство за како изгледа дополагањето на електротехника?
Зависи за која оценка сакаш и кај кој професор си. Јас бев кај Весна Арнаутовски-Тошева, колеги што одговараа за од 7-ка до 9-ка им поставуваше задачи регуларно, за 10-ка им даваше некој покомплициран реален пример и бараше само да го размислат решението, без да решаваат (не беше ништо лесно).
 
За КТИ кој изборен е подобар: компјутерски вештини или MATLAB?
 
За КТИ кој изборен е подобар: компјутерски вештини или MATLAB?
Реално ниеден не ти менува ништо, Компјутерски вештини е малце покорисен затоа што почнувате нешто Linux па ќе те спрема колку толку ако планираш да земаш Интернет апликациски сервиси изборен во трет семестар или Мрежни оперативни системи. MATLAB е во глобала нервоза од спори компјутери. Оди на Компјутерски вештини.
 
  • Практикум по MATLAB,
  • Практикум по компјутерски вештини и алатки,
  • Комуникациски и презентациски вештини и
  • Електротехнички материјали
    кои се најлесни???:icon_lol:
 
  • Практикум по MATLAB,
  • Практикум по компјутерски вештини и алатки,
  • Комуникациски и презентациски вештини и
  • Електротехнички материјали
    кои се најлесни???:icon_lol:
Практикум по компјутерски вештини и Комуникациски презентациски вештини се најлесни.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom