Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
А има ли шанси се да се земе на колоквиуми ? (да се мине не се битни оцените, дали се постасува)
 
Претежно задачи така да нема да имаш голем материјал за бубање а често знаат колоквиумите претешки да ги направат. Физика во никој случај,ако си кај Верка по 1 човек во сесија положува. Програмирање е полесно на колоквиум бидејки првиот колоквиум го нема на испит,а математика е тешко во секој случај :icon_mrgr:
Ја би ти рекол да спремаш све макар и да извадиш малце бодови,бар ќе си во тек со материјалот:)
 
ОЕТ дефинитивно пошо задачите имаат иста тежина коа тие од колоквиум ако не и полесни, исто така теоријата е иста на сите испити ( лол ). Испитот е 70 поени, 50 задачи и 20 теорија. 25 поени ти се од Електорстатика и 25 од Кола. Сигурно имаш една задача од Тевененова теорема ( после се учи тоа, втор колоквиум ) и една од определување енергија на системот.[DOUBLEPOST=1445344164][/DOUBLEPOST]
А има ли шанси се да се земе на колоквиуми ? (да се мине не се битни оцените, дали се постасува)
Оф корс дека може зашо иначе би имало колоквиум, сигурно ти е паѓа една од домашни + некоја од аудиториски и последната е некоја ко тие од аудиторски.
 
Може некој да ми каже пасворд на WiFi мрежите на ФЕИТ зошто eduroam не работи за тие од ФИНКИ или сите се со логин детали од индекс и лозинка?
 
ОЕТ на испит ако уште е истото секако, ќе имате Тевененова/суперпозиција обавезно и една задача да се реши или со јазли или со гранки, по свој избор. А вака на колоквиум имаш и јазли и гранки и што не. Другите две задачи на испит се сфера и најверојатно енергија во точка ли што и да беше тоа. Досаден шематски материјал ама највеќе пазете на струја во гранка, сите што се заебале на испит, на тоа се заебале. Теорија едно исто се паѓа цело време, видете таму материјали, скриншотови.

Второ нешто што може да се остави на испит е програмирање затоа што за втор колоквиум посекако треба да го искористиш знаењето од прв. Не е предметот за да му мавнеш на материјалот шифт + делит. Така да негде слично би му дошло. Мој совет ви е да гледате да поминете математика и физика, поготово вие што сте кај Верка и отокот Тунеска.
 
Дали имате телефон на Емилија за ОЕ1 приватни часови ;)
 
Да не знае некој како да ги реши првите 2 вежби од лаб. вежби по Програмирање ?
 
Малце awkward прашање ама дали Физика 2 е поврзана со Физика 1?
Дали ако незнам ништо од Физика 1 можам да положам Физика 2 т.е дали во задачите од Ф2 ке се бара да применуваш некои формули од Ф1?
 
Малце awkward прашање ама дали Физика 2 е поврзана со Физика 1?
Дали ако незнам ништо од Физика 1 можам да положам Физика 2 т.е дали во задачите од Ф2 ке се бара да применуваш некои формули од Ф1?
Не се поврзани, целосно различни теми се. У двојката имаш оптика, атомска физика, квантна механика и нуклеарна физика. Исто така е далеку поинтересна од кецот.
 
Ве молам дајте број од некој што дава часови електротехника итно ми е, и ако некој има идено кај Емилија нека каже мислење плиз.
 
ОЕ1, за прв колоквиум теорија што најчесто се паѓа?
 
ОЕ1, за прв колоквиум теорија што најчесто се паѓа?
Електично поле, линии на електрично поле, гаусов закон, 6.3 и 6.4, напон/разлика на потенцијали, деф. што е спроводник, диелектрик, кондензатор, енергија во е-поле.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom