Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Ха, знаев дека ќе се налутите... нема врска... :)

Никогаш не го напишав тоа. Не реков дека со ИНФО си САМО програмер. И под „курсеви“ во никој случај не мислев на ИНФО. Многу јасно дека и на ИНФО не се учи само програмирање, има повеќе предмети кои заедно ги слушаме... ќе видиш сега од септември.

А за тоа дали учиме непотребни работи или не, мислам дека пишував веќе еднаш на темава и не сакам да се повторувам...

А за просекот... има многу души кои едвај, ама буквално едвај заминуваат, па на крај имаат просек од 6 кома нешто. Верувај, не се малце... немаат сите како тебе 9,8 просек. :smir:

Па истото и јас го реков, дека многу предмети заедно слушаме и неможе вие од ИКИ да имате поинаков третман од ние на ИНФО, кога по секој предмет учиме од исти материјал и полагаме исти задачи.

А за просекот пак го кажуваш тоа што јас го кажав. За да си положил мораш да имаш минимум 6ка, што значи 6ка има секој што положил нормално.:)

И на крај за тоа едвај заминуваат... не ми беше јасно дека е до толку се додека не дојдоа првите колоквиуми:)

П.С. Знае некој кога се запишува семестар?

Ние 3ти семестар треба да го запишуваме од 3ти до 6ти или 9ти Септември. Веројатно мислиш на тоа така?

Сигурно не се за џабе на ИКИ тие плус предмети. Тие "непотребни предмети" конкретно нема да ти требаат за на работа, но ќе ти помогнат многу повеќе да го развиеш мозокот, да добиеш начин на размислување, да научиш како правилно да размислуваш - да се насочиш кон вистинското решение . Со 6 математики што ги има , физики и плус други предмети имаш зададен проблем (задача) и се трудиш да најдеш начин како да го решиш тој проблем - што е многу битен дел за програмирање.
Факт за тоа е што неколку години откако постои CodeFu натпреварот за програмирање цело време први места зимаат тие од ИКИ , досега ниеднаш не се случило некој од ИНФО да земе прво место. Друга работа - не за џабе ги бараат професорите да им бидат асистенти тие од ИКИ , до сега немам видено ниеден асистент (барем по некој програмски предмет) да биде некој што има завршено на ИНФО.

Види сега некои работи да ти објасна околу натпреварите. Постојат студенти (на пример јас) што во основно и средно иделе по натпревари, освоиле дипломи од државни натпревари по математика и физика и тие дипломи ама буквално само за гзот да си го избришам ми помогнале во животов. Ниту стипендија, ниту ништо не ми донеле. И во основно сум се мачел и во средно.
Сега на факултет наместо да се замарам со натпревари, знаењето го искористувам за работа која покрај искуството, ми носи многу пари. Ја сфаќаш сега мојата теорија? Епа неколку колеги сме такви во група што покрај студирањето си работиме приватно, а на полагање, по 100ки добиваме. Другите што се со 50-60-70 бода, нормално дека не се за натпревар.
 
Дечки ај ве молам за инфо-ДО КОГА СЕ ПРИЈАВУВААТ ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД 1ва ГОДИНА...
:smir: :smir: :smir:
 
Што убав пост, арно ме потсети да прашам. Сега ќе запишувам 2ра година, па веројатно треба и сега да пријавам од изборните кои ќе ги слушам.
Ако може некој да ми каже помеѓу кои предмети можам да бирам и нормално совет од постарите да не ја направам нивната грешка да изберам незгоден предмет:)

И ако може збор 2 за следниве предмети што ќе ги имаме во 3ти семестар. Верувам дека ова на сите од мојот смер ќе им користи зашто знам повеќе кајганџии од група;)
- Алгоритми и структури на податоци
- Интернет програмирање
- Логичко и функционално програмирање
- се избираат две наставни дисциплини од четиригодишните студии
 
Ние 3ти семестар треба да го запишуваме од 3ти до 6ти или 9ти Септември. Веројатно мислиш на тоа така?

Да, на тоа мислев, него сега ми текна да видам на распоредот на активности, таму пишува од 6ти до 10ти
 
За упис !!!

Сега да ги прашам постариве дали имале слично искуство ... паднав математика 1 кај Боро и вчера собравме потписи и ни дозволи да преполагаме во понеделник и усно и писмено, па да не знаете какви задачи би дал? Асистентката не знае дека ќе преполагаме денеска слушна од нас, значи она нема да ги смислува ... он ќе смисли нешто или некој постар испит ќе даде??
 
Што убав пост, арно ме потсети да прашам. Сега ќе запишувам 2ра година, па веројатно треба и сега да пријавам од изборните кои ќе ги слушам.
Ако може некој да ми каже помеѓу кои предмети можам да бирам и нормално совет од постарите да не ја направам нивната грешка да изберам незгоден предмет:)

И ако може збор 2 за следниве предмети што ќе ги имаме во 3ти семестар. Верувам дека ова на сите од мојот смер ќе им користи зашто знам повеќе кајганџии од група;)
- Алгоритми и структури на податоци
- Интернет програмирање
- Логичко и функционално програмирање
- се избираат две наставни дисциплини од четиригодишните студии

За Алгоритми јас би рекол дека е многу важен предмет, ама нели ние неважни работи учиме... :)
Се учи баш тоа: алгоритми и структури на податоци, само што алгоритми се учат за втор колоквиум, а структурите во прв.
Постои и теоретски дел кој носи 50% од бодовите, останатото е задачи, и плус нели од лабораториски.

Интернет Програмирање мене ми беше изборен и јас го одбрав. Се учат исто така многу важни работи. Java, исклучоци, аплети, HTML, javascript... Се полага на компјутер (многу јасно) и се прават и тестови. Ќе треба да направите интернет страница како проект кој ќе ви носи доста бодови, така да фатете си ја работата со време.

Не знам што друго да ви кажам...
 
Алгоритми и структури на податоци и нас ни е задолжителен така да сигурно е важен премет:)

Инаку прашањето се однесуваше да кажеш по некој збор за предметот, каков е професорот, асистентот, што бараат најмногу, дали вреди да се иде на вежби и предавања... на тоа мислев:) Чисто колку да сум спремен што ме чека:)

А за изборните, мислев да кажеш според тебе што да изберам. Треба два предмети од вашите да изберам што ги слушате во 3ти, 5ти или 7ми семестар. Гледам сите зимаат Веб дизајн и Мрежни оперативни системи.
 
Ај ќе ве молам информација некој дали знае дали ќе се преполага физика1 и кога?
 
Ај ќе ве молам информација некој дали знае дали ќе се преполага физика1 и кога?

Утре во 10 мислам ама само усното ... не сум сигурна дали е 10 така да иди порано :/
 
Имам еден проблем. Ги дадов оригиналот свидетелства и дипломата на факултет, а фотокопиите што ги имав ги дадов во студентски. Сега повторно ми требаат копиите за стипендија па да прашам ако отидам утре на факултет дали има можност некој да ми даде само да ги ископирам внатре во факултетот и веднаш да ги вратам?
 
mi treba nekoj sto se razbira od asembler emu8086 da mu dadam da mi resi edna proektna zadaca ne e problem za pari.
 
Имам еден проблем. Ги дадов оригиналот свидетелства и дипломата на факултет, а фотокопиите што ги имав ги дадов во студентски. Сега повторно ми требаат копиите за стипендија па да прашам ако отидам утре на факултет дали има можност некој да ми даде само да ги ископирам внатре во факултетот и веднаш да ги вратам?
ако ти се заверени да пробаш да појдеш кај нотарот што си ги заверил и да ги побараш од таму бидеќи мислам дека и кај нотарот останува 1 копија од документите.
 
Ај некој ако знае нека пише кога имаат консултации Лошковска, Иван Чорбев, Драган Михајлов и Анета Бучковска???:jaj:
 
Да не му се наоѓаат на некој случајно решени испитни по ЛКДА?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom