Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
А некој pros/cons за Весна Андова мислам дека беше презимето по Мат 1?
Инаку уште не знам како се вика другата професорка по Мат 1 :kesa:

Не е само една. Имаш Весна Јолевска-Тунеска, Анета Бучковска, Марија Кујумџиева... Весна беше онаа младата со црната коса така?
 
Elektrooptika obavezno da go izberes. Na zaebavanje ke go polozis. :) :toe:

Електрооптика со што беше поврзано, со Физика или Електротехника?

Не е само една. Имаш Весна Јолевска-Тунеска, Анета Бучковска, Марија Кујумџиева... Весна беше онаа младата со црната коса така?

Јолевска-Тунеска или како и да се презива Билјана се вика а не Весна :)

Иначе таа е Весна...
 
Печатна грешка... А дури и ми предаваше Билјана...поточно двете Билјани :pos2:
 
А некој pros/cons за Весна Андова мислам дека беше презимето по Мат 1?
Инаку уште не знам како се вика другата професорка по Мат 1 :kesa:

Весна ти е асистентка, не професорка. :smir:
Мнооогу е брза, можеби ќе ти се случува да не можеш да ја „следиш во чекор“. Сепак, секогаш е добро спремна, можеби брзо објаснува, но објаснува се`. Обавезно да и ги препишуваш задачите што ви ги решава, или барем да ги копираш ако не си фан на седење на предавања. Ма да ја би ти препорачала кај неа да идеш на вежбите, многу помагаат.
На колоквиум, ако пишуваш читко и прегледно, нема да имаш никаков проблем. Сепак оди си на увиди за секој случај, мене ми се случувало да ќарам уште по некој бод.
Коректна е вака. Некогаш е пресериозна, т.е беше на почетокот, ама после некое време се олабави атмосферата. Не е страшна Весна, ако учиш ко шо треба нема да имаш проблем со неа. :wink:
 
Фалааа.:))
А денеска па имавме нова.Некоја постара професорка така со тврдо Ч хахахха..За која да навивам да ми предава?:pipi:

& btw Денес прв пат пред табла на факс и тоа пред Вера.:kesa:
 
Електрооптика со што беше поврзано, со Физика или Електротехника?
So fizika.

Ama neka ne te plasi toa, 10 pati polesen predmet e otkolku fizikite. :)

Se na se maksimum 100 strani teorija ( lesna i toa ), i nekoi maksimum 40-50 zadaci, gola voda i toa, so 1-2 izveduvanja. Abe zaebancija od ispit kad ti kazem. :) :toe:
 
Почитувани колеги,
СПФЕИТ со ваша помош се избори барањето за дополнителна ден сесија, со мали измени, да помине позитивно и на Деканската управа и на ННС. Официјалното решение е дека дополнителна ден сесија ќе има за СИТЕ предмети од сите студиски години (предмети и од парен и од непарен семестар).
Измените се состојат во цената за пријавување на еден испит, односно наместо 1000 денари, треба да се платат 1200 денари на жиро сметката на факултетот (ја има на веб страната на ФЕИТ). Ова важи за предметите од сите студиски години вклучувајќи ги и тие од прва. Оваа промена е воведена со цел вкупните собрани средства целосно да се вложат во воведување на систем за електронско пријавување на испити, како и озвучување на поголемите предавални со цел полесно одвивање на наставата. Како потсетување, еден студент може да пријави само еден испит во оваа сесија.
Пријавувањето на испитите ќе се одвива на http://www.facebook.com/l/;10.09.2009 на шалтерот на студентската служба (од 12:30 - 15:30), а самата ден сесија ќе се одржи на http://www.facebook.com/l/;14.09.2009 (понеделник). Распоредите за полагање ќе бидат објавени најдоцна еден ден по пријавувањето.
За крај останува уште сите да положиме и да ги оправдаме аргументите кои ги изнесовме.
Голем поздрав,
СПФЕИТ.

Ја незнам дал да плачам дал да се смеам на ова .... *борба* *победа* и остало ....

Уште па 1200ден. за електронско пријавување на испити кое што инаку треба државата да го плати зашто нели ... ДРЖАВЕН факултет е ...

Ох well , бар сесија имаме.
 
Ц ц ц, 1200 и за прва. А што е ова со фејсбуков, што ќе правиме ние фејсбук хејтерите? Кој датум е пријавувањето?
 
Брат не е поентата зашто е објавено на Фејсбук или не , тажната приказна е како тоа нашите ВИТЕЗИ на бели КОЊИ од студентски сојуз ХРАБРО се бореа со ТЕНТОВ и компанија за да имаме сесија зашто мислеле дека у фебруари професорите се ЗЕЗАЛЕ !!!!!

Дебили , некој ден кој не им влезам у тоа сопчето , мамата мамина ...

пс:Гледај на добра страна , бар имаш сесија ..:kesa:
 
Абе...гледам на добрата страна, 1200 за можно положување или 6 кредити во денарска противвредност за сигурно презапишување. :) Добрата страна е прилично добра. Е сега, ме мачи думата...кога се пријавува? И на која сметка треба да се уплатат тие 1200? Пријавувањето е стандардно, значи +100 за листови, марки и останати бирократски серенија пикнати во тоа сандаците?

Едит: Ќор сум, видов за сметката. Другите прашања си остануваат. :)
Едит2: Ептен сум бил ќор, имало и датум после фејсбук линкот. А и за процедурата имало...игнор на постов, утре одам на очно.
 
Не е само една. Имаш Весна Јолевска-Тунеска, Анета Бучковска, Марија Кујумџиева... Весна беше онаа младата со црната коса така?

Влатче, Влатче...... да те чуе само Бици дека ја прекрсти во Весна. :):):)

Дефинитивно почнуваме од 15ти септември? Оти ако казнената е на 14ти, уписи такви работи кога ке бидат?
 
Ех еееех...шо ти се стари волци овие нашиве... демек ај да нема ден сесија, арно ама си знаат они дека септемвриски многу души ќе бидат „расположени“ за полагање, па ќе дојде до молење, вака-онака, па ај да им излеземе „во пресрет“ на студентите и да им овозможиме ден сесија, но дајте уште 200 денари. Барем да кажаа само дека ќе ја поскапат, а не тука мајтапи да играт

И ви стигна соопштението за упис на семестар
Линк
 
Оваа промена е воведена со цел вкупните собрани средства целосно да се вложат во воведување на систем за електронско пријавување на испити, како и озвучување на поголемите предавални со цел полесно одвивање на наставата.

Кутрите душички, немале пари тие. Ајде колеги да им помогнеме уште еднаш и да им ги задоволиме садистичките потреби.

Дефинитивно почнуваме од 15ти септември? Оти ако казнената е на 14ти, уписи такви работи кога ке бидат?

Казнената во Септември секогаш се вршела негде околу почетокот на семестарот. Во секој случај, ќе можеш да направиш промена на предеметите што ги запишуваш после резултатите од казнената.
 
Промена на веќе избран предмет може да се направи:
- без надомест само доколку првично избраниот предмет не се активирал (го избрале помалку од 6 кандидати) најдоцна до 25. IX 2009 год. или
- со надомест од 1.000,00 ден. најдоцна до 18. IX 2009 год.

Ѕверови. :pos: Добро бе мајката, како можат да живеат со себе овие?
 
Ок , значи 1200 за казнена + уште 1000 ако го положам предметот на казнена ...

Прашање до студентите од др. факсови :

Ве дупат и вас вака у здрав мозок ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom