Facebook - официјална тема (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата viktordojran
  • Време на започнување Време на започнување
Има начин ТајЛине да се скрие од тие што не ти се пријатели

Упатство за новиот Facebook Timeline

Технологија | 16. декември 2011 - 14:01
Деновиве Facebook масовно ја пушти новата верзија за профилите кој сега е достапен за сите, а ние ви даваме неколку совети како да го користите

ShareNew

facebooktimeline2.jpg

Timeline ви овозможува на лесен начин повторно да откриете што сте споделувале онлајн во минатото и ги истакнува најважните моменти кои сте ги поделиле со Facebook заедницата.
Откако ќе започнете со користењето на оваа опција, ќе имате пробни седум дена за самите да одлучите кои содржини може повторно да ги споделите со пријателите. Можете да одлучите што да објавите во текот на целиот пробен период.
Доколку се одлучите да почекате, вашиот профил автоматски ќе започне со опцијата "Timeline" по седум дена. "Timeline" ќе го замени вашиот профил, но сите содржини и фотографии и понатаму ќе ви останат.
Доколку сакате да видите како ќе изгледа вашиот "Timeline" профил кога вашите пријатели ќе го гледаат профилот, изберете ја опцијата "View as", а потоа ќе можете да избирате помеѓу вашите пријатели и да видите како за нив изгледа вашиот профил, советуваат на blog.facebook.com.
Додека го истражувате вашиот "Timeline" профил, ќе можете да одберете кои содржини од вашиот профил ќе бидат повторно објавени, а истовремено ќе можете и да отстраните одредени материјали.
timeline11423501a.jpg

За да истакнете одредени содржини, кликнете на ѕвездичката или кликнете на моливчето доколку сакате да додадете или да прикриете одредени содржини.
Што се однесува на приватноста, исто така и понатаму може да контролирате кој ќе ги гледа вашите активности.
Од денес имате можност да ја користите и опцијата "Activity Log". Оваа опција ви овозможува да ги видите сите свои активности откако првпат сте го стартувале вашиот профил и само вие можете да ја видите таа листа.
Потоа можете да одберете што од таа листа сакате да прикриете, а што ќе дозволите јавно да се прикажува на вашиот профил.
Доколку сакате да пронајдете одреден вид на активности одберете ја опцијата "Actvitiy Log" и на пример, одберете само фотографии или само статуси.
За да започнете со користењето на "Timeline" профилот едноставно кликнете на овојлинк или пак можете да почекате да добиете известување на вашиот профил.


еве како го криете и нема потреба од бришење пријатели кога имате опција како ви го гледаат профилот
How you connect

  • Who can look up your timeline by name or contact info?
    Friends
 
Активиран ми беше тајмлајнот уште септемврито, кога го промовираа. Ми се допаѓа баш, се си е распределено, добри се и новите опции како Activity Log, Life Events, Cover picture etc. Добра работа направи Зукерберг со ова, веќе се здосади претходната профилна страница.
Е сеа пак има тие што плукаат, што не им се допаѓало, ама ќе се навикнат кај да е.
 
Ептен ми е убав! Еј, најбољи изглед до сеа. Најголема утка ми беше овој што беше пред тајмлајнов, значи последниот изглед. Катастрофа беше. Ама овој е одличен, како бонбонче е. Одлично и естетски поубаво изгледа и пофункционално е! Топ е! Браво!
 
Ептен ми е убав! Еј, најбољи изглед до сеа. Најголема утка ми беше овој што беше пред тајмлајнов, значи последниот изглед. Катастрофа беше. Ама овој е одличен, како бонбонче е. Одлично и естетски поубаво изгледа и пофункционално е! Топ е! Браво!
Ват д фак :eek:
Јас го немам уште актвирано ама вака кога гледам на другите профили ептен ми е глупо и неможам да се снајдам со објавите баш нај нај :/ Ова стварно дека навистина добар или се зафркаваш ? :D
 
Ват д фак :eek:
Јас го немам уште актвирано ама вака кога гледам на другите профили ептен ми е глупо и неможам да се снајдам со објавите баш нај нај :/ Ова стварно дека навистина добар или се зафркаваш ? :D

Не знам зашто не би била сериозна. Одличен е новиот дизајн, односно тајмлајнот. Многу е лесно да се снајдеш, може на почеток дека си навикнат на стариот па ти е потешко, јас немав проблеми, одма се навикнав... Најзадоволна сум сега. Овој што беше до сега ми беше апсолутно одвратен. Најгрд дизнајн што фејсбук го имал откако јас имам фејсбук. Тој пред него беше добар и овој сега.
 
Не знам зашто не би била сериозна. Одличен е новиот дизајн, односно тајмлајнот. Многу е лесно да се снајдеш, може на почеток дека си навикнат на стариот па ти е потешко, јас немав проблеми, одма се навикнав... Најзадоволна сум сега. Овој што беше до сега ми беше апсолутно одвратен. Најгрд дизнајн што фејсбук го имал откако јас имам фејсбук. Тој пред него беше добар и овој сега.
Уште пред да ме цитираш го активирав и засега ептен е кул ! не ми изгледаше така ама сега за сега на почеток ми е добар а се кладам уште подобар ќе биде кога ќе се навикнам и ќе го расчепкам малце повеке ... ова со сликава горе е добра работа :D Гледам само некои неважни работи недосатсуваат како луѓе кои те инспирираат не најдов каде се сега и некои други ситници ..
аххх ете ги .. сите лајкови се заедно на исто место баш кул
 
Има некој од вас што има интернет од T-Home и го има новиот (timeline) изглед на FB?

Или дали ви се појавува на сајтов доле зелено копче GET IT NOW! ?
 
Кај мене уште е стариот изглед. Сам ќе се смени, или треба јас да сменам?
 
Eдинствено шмто го утнале, е менито под профил сликата. Не излегуваат целосно менијата албумите се настегани многу подобро ќе беше како странично мени од лева страна нешто како веб сајт...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom