Facebook - официјална тема (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата viktordojran
  • Време на започнување Време на започнување
Што убаво ќе му дојде променава на фб на гугл+ мх, мх, мх...
 
За сите кои сакате пак како порано - Сменете јазик во English UK. :)
Ни ова веќе не помага.
Засега „стариот“ фејсбук работи ако одберете Leet Speak како јазик.

Инаку измениве се катастрофа, Recent News / Top News нема баш никаде опција да се одвојат, Ticker-от освен што нарушува приватност максимално (уште да ставија X is now viewing Y's profile ќе беше топ :P) апсолутно нема никаква функција.
 
Тие што следат спорт, особено на интернет, сигурно се информирани дека Фан-Страната на СпортДенес е хакирана некое време. Би сакал да прашам дали на некој од форумов досега му се случило да му хакираат страна, а потоа да му ја вратат (дали тие што му ја хакирале, или официјалните лица од ФБ). Ако може подетални информации во одговорот. Фала ви однапред. :)
и мене ми хакнаа страница од околу 14000 обожователи но за жал не ја вратија, опасна работа се хакерите :(
 
Како може да ги сокријам пријателите на профилот т.е другите да не можат да видат колку имам пријатели?
 
301058_10150393269050429_747925428_10627168_811658456_n.jpg

Катастрофа , се повеќе и повеќе личи на твитер/гугл+ одколку на Фејсбук (или што и да е) уште некој апгрејд да вметнат од Hi5 фали!
 
Како може да ги сокријам пријателите на профилот т.е другите да не можат да видат колку имам пријатели?
Кликни на името горе>Edit Profile>Friend and family> и во редот кај што е Friends од десна страна има стрелка надолу,оди Custom, најгоре одбери Only Me за никој да не ти ги гледа пријателите или подолу одбери пријатели од кои ќе ја скриеш листата. Порано поинаку беше сега ме намачи дури најдов.
 
https://www.facebook.com/about/timeline
Новиот профил на фејсбук.
Слики од новиот профил :))
Мене ми се допаѓа, но едино нешто што е голема пречка е тоа што станува се покомплициран за користење и се плашам дека корисниците полека ќе почнаат да бегат.
Имаше и такви коментари, MySpace was like this, and he is gone, the next is FB..
Се надевам дека ви се допаѓа па пишете го вашето мислење.
 
Се ми е ставено на public но ништо не покажува у info кога некој ќе сака да ме адне.
Оти така?
 
Дечки јас го активирав Timeline како девелопер и го истражувам и можам да ви потврдам дека ова е до сега нешто најдобро што излегло, ептен е прегледно, поинтересно, и не е комплицирано како сите што мислеа.
Има додадено неколку новини кои сум повеќе од сигурен дека ќе бидат добро прифатени..
Според мене се е подобро, се надевам дека за брзо ќе биде достапен за сите па да го пробате, мене ми се ептен бендисува.
Еве како да го активирате, за оние најљубопитните како мене.
 
ве молам кажете ми како да ги избришам сите пораки што ми имаат стигнато и што ги имам пратено но од еднаш не една по една бидејки фб стана мн глуп тоа што целиот разговор се зачувува како порака
 
ве молам кажете ми како да ги избришам сите пораки што ми имаат стигнато и што ги имам пратено но од еднаш не една по една бидејки фб стана мн глуп тоа што целиот разговор се зачувува како порака
читај погоре
 
Од кога активирав Timeline кога ќе стиснам Home или кога сакам да отидам на профил кај мене или кога пробувам да отворам некоја од групите, некогаш се случува воопшто да не се отвараат.
Еве како изгледа тоа:
aNT9o.png

HYxZF.jpg


Сеа ме интересира вие што имате активирано Timeline ви се случува ова или само до мене е проблемот?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom