Facebook на мобилен по цел ден, за само 69 ден. месечно!

  • Креатор на темата Креатор на темата skywalker12
  • Време на започнување Време на започнување
S

skywalker12

Гостин
Биди на Facebook нон стоп, каде и да си! Закачувај фотки, менувај статуси и пишувај пораки по цел ден, директно од твојот мобилен. Со оваа единствена понуда сега уживај во целосното Facebook искуство за само 69 денари месечно без никакви дополнителни трошоци. Aктивирај ја оваа екстра кул услуга со повик на бесплатниот број 142 100.

Се читaме на Facebook!

*Претплатата е за користење на услугата 30 дена, од денот на активирањето, и автоматски се продолжува во наредните 30 дена, доколку не се деактивира.
*GPRS сообраќајот е вклучен во цената на услугата.
*Услугата важи само за пристап до интернет страници кои содржат facebook.com во својата адреса. Содржини кои се само линкувани на Facebook, (Youtube видеа или други надворешни страници) се наплаќаат согласно цените за интернет од тарифниот модел што го користите.
*Услугата може да се користи и преку посебните мобилни апликации за Facebook.
*За да ја користат услугата, корисниците на Blackberry треба да го променат својот APN во Internet.
*За понудата важи Политиката за фер користење.
*Услугата важи за мобилни интернет пребарувачи (browseri) кои директно пристапуваат кон именскиот опсег на Facebook (facebook.com, m.facebook.com, touch.facebook.com ...) Услугата не важи за пребарувачите кои користат посреднички (proxy) сервер со енкрипција на адресата (URL) за пристап кон интернет страници (Opera mini и слични) кај кои не може да се исклучи посредничкиот сервер.
 
Како и да е, јас си имам некои 3 ден од 1 мегабајт, а месечно трошам околу 10 мб. пребарувајки мејл и ретко други сајтови, што не ми одговара да му ја користам услугата.

Треба со закон да се забранат вакви упадливи понуди, децата стануваат многу повеќе зависни од фејсбуков, дури и треба со секое влегување во училиште, да им ги одземаат телефоните.... ама тоа е веќе друга тема.

--- надополнето ---

T-Mobile
Само не ми е јасно..јас сум на постпејд и сум на релакс 250 и сега кога ке активирам ова..тие 69 денара се во сметката исто како да сум ги изборел..или (250 претлата+69 )*18% ддв ?
 
T-Mobile
Само не ми е јасно..јас сум на постпејд и сум на релакс 250 и сега кога ке активирам ова..тие 69 денара се во сметката исто како да сум ги изборел..или (250 претлата+69 )*18% ддв ?
Претплатата плус овие 69 ден+18% ддв.
Овие ти се плус, не ти се рачунаат како да си ги потрошил на муабет/разговор.
 
го имам активирано ова и сум многу задоволен!
 
На кој број можам да ја исклучам функцијава? Да ја одјавам сакам. Како првин не ми работеше на мобилниот. Како второ после еден ден откако е активирав проверувам сметка и ми покажува над 1500 денари. Секој месец сум зборел та зборел на крај месец никогаш не ми дошло толку а сега нема ни пола месец а е прескокна сумата. Се сомневам дека е од ова направено. Ве молам кажете ми како да го исклучам ова.
 
Само директно во салоните на Т-Мобиле, неможе со јавување преку моб да се исклучи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom