Facebook социјален читач

--ТИГАР--

Фино :)
Член од
3 октомври 2009
Мислења
175
Поени од реакции
3
Здраво, Кајганџии :)
Прво за многу години нека е празников денешен.
Често се сретнуваме на интернет со некој Социјални Читачи или некој слични апликации кој имаат опција што "кога ќе прочитам веста автоматски ми ја споделува на ѕид" зборам конкретно за Facebook.
Дали има некој познавање од таа работа или некој се занимава некој стручно со Facebook Developer.
Работава не е за "еј брат фала" значи нема денес ќар од фала или слично ќе си се плати работата битно е да биде добро завршена.
Мислам јасен сум во текстот погоре што точно барам
(може да сум ја утнал темата, но не ми замерувајте само би ги замолил надлежните за да ја преместат во соодветната тема)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.386
I'd rather drink my own piss, отколку да кликнам лајк за да прочитам одредена статија.

Се некако мислам дека Facebook „социјалните читачи“ се измислени за да ги одделиш нормалните, од глупите пријатели на Facebook. Пошто сериозно, какви се' работи не се изнагледав дека некои пријатели читаат... Бррр. И онака, ко ретард, читаш некоја веста, таа автоматски ти се објавува со коментар (кој ти не си го напишал) од типот: „ЦЦЦЦ КАКВА ДРОЉАА ЖИТИ СЕ!!!“, а ти автоматски (незнаејќи) лајкнуваш уште 4 ретардирани страници од типот на „За сите ние што сакаме журки“ или „Sve za ljubav“.

Друго Facebook зло претставуваат и интернет страниците кои при нивното отварање те пречекуваат со затемнување на целата страница и pop-up прозорче за да им го лајкнеш фан-пејџот. Или уште полошо, да мора да кликнеш лајк за да ја прочиташ статијата. Мислам, сериозно... Ако целта е да ги собереш најретардираните ликови во македонскиот интернет простор на едно место, сигурно дека ќе успееш. Јас кога и да видам нешто вакво, веднаш го ставам сајтот на моја црна листа и делам сочни коментари за нивните автори. Можеби ќе собереш 89207 за 20 дена, ама трајно ќе си наштетиш на имиџот.

Значи, bottom line, размисли уште еднаш дали сакаш да направиш нешто со кое ќе иритираш добар дел од публиката која има IQ поголемо од 50, или пак сакаш да опстојуваш со публика со IQ <50.
 

--ТИГАР--

Фино :)
Член од
3 октомври 2009
Мислења
175
Поени од реакции
3
Па до негде е и така како што викаш, а до негде си и грешка..
Грид пример им беше за корисна работа (и мене ми треба за слично) со тоа добивате вие "шефовите на порталите" :)
Дневно од Grid.mk и Time.mk добивате најмалку по 20 000 посетители (од двата генератори заедно)
Истата работа ја користи и washington post...
Нема везе да не забегуваме може и на приватно да се прави муабетов.. како и да е целта на темата е напишана во првиот пост :)
 
3

321456

Гостин
Мислиш нешто вакво?


Мислам дека ова беше достапно само за компании кои се од доверба, на пример Yahoo, Guardian и слични. Ова се викаше Frictionless Sharing и како што паметам го отстранија како опција од Open Graph.

Но, се уште постојат многу опции за пасивно или активно споделување на содржини.
Мислам дека Facebook за да привлечат повеќе компании и рекламирачи им дозволија премногу опции и можности, а во втор план ги ставија корисниците и со тоа стана една платформа на реклами и луѓето го забележуваат тоа и добиваат некаков впечаток на преблокирани страници со неважни содржини.

На пример, како што кажаа погоре, има повеќе опции да направиш наивните да стиснат лајк, од спамови и pop-ups на страниците, до крајно сомнителни апликации кои го блокираат и преоптеретуваат искуството на страниците.
Во Македонија најдобар пример за такви апликации е Grid.mk, ете станува и најпосетена страница заради константното спамување. Едно време мораше да се инсталира апликацијата за да се посети страницата, сега откако собраа голема публика, забавија малку.

Нема профил кој ја нема инсталирано Грид апликацијата која споделува содржини слично како примерот погоре, автоматски. И затоа крајно ја избегнувам таа страна, нечесни игри и ќарење поени врз сметка на игнорантни.

Ако имате квалитетни содржини нема да имате потреба за таква агресивна промоција, делото ќе си го најде патот до публиката, ама ако содржината е просечна и ако немате друг начин за оформување на публика, мора да се служите со секакви сомнителни начини.
Се разбира вие ја одбирате целната публика и дали тоа ќе бидат само бројки на посети и кликови или малку пософтициран однос.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.386
Па до негде е и така како што викаш, а до негде си и грешка..
Грид пример им беше за корисна работа (и мене ми треба за слично) со тоа добивате вие "шефовите на порталите" :)
Дневно од Grid.mk и Time.mk добивате најмалку по 20 000 посетители (од двата генератори заедно)
Истата работа ја користи и washington post...
Нема везе да не забегуваме може и на приватно да се прави муабетов.. како и да е целта на темата е напишана во првиот пост :)
Не е битно дали ние порталите добиваме, или пак генераторите добиваат од нашите содржини. Јас ти зборувам како корисник и читател, не како „шеф на портал“ :)
И во право си дека не треба да забегуваме со оф-топик, ако може некој да помогне, нека се изјасни на темава :)
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Па до негде е и така како што викаш, а до негде си и грешка..
Грид пример им беше за корисна работа (и мене ми треба за слично) со тоа добивате вие "шефовите на порталите" :)
Дневно од Grid.mk и Time.mk добивате најмалку по 20 000 посетители (од двата генератори заедно)
Истата работа ја користи и washington post...
Нема везе да не забегуваме може и на приватно да се прави муабетов.. како и да е целта на темата е напишана во првиот пост :)
Grid.mk и time.mk се агрегатори на вести. Ама да мораш да кликаш некоја вест и сите на фејсбук да знаат дека си прочитал вест за гаќичките на Ким Кардасијан...згора на тоа „вестите“ таму се најчесто на ниво на kromid.news. што знам мене тоа ми е глупаво...затоа не читам такви вести дури и другачињата што постојано се на такви читачи ги бришам од листа на новини зошто тоа е нешто слично на спам само со вести и лош начин на собирање на лајкови и други глупости од Фејзбук. Ако сакам некоја интересна вест да споделам можам немора некоја да ме принудува на такво нешто.
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
Според мене ја нарушуваат приватноста. Доколку прочитам некоја статија и сакам да ја споделам има копче Сподели/Share или Ми се допаѓа/Like. Не мора секој да знае кои статии ги читам, каде ги читам и кога. И да најмногу се нервирам кога ќе видам Анѓеле Мртвакоски и 100 други пријатели shared a link од apps. facebook. com со наслов видеото кое ќе ве шокира/остави без здив/ натажи/ напали... аха да сигурен сум.
 
Член од
13 јуни 2012
Мислења
29
Поени од реакции
8
Малку избегнавте од темата, тој бара помош кој знае да направи и да плати, а вие му објаснувате дека не е добро. Да не е добро од една страна, но од друга страната ќе ти стане популарна, ќе имаш кликови и ќе имаше посети, врз тие посети ќе дојдеш до реклами, односно КЕШ. Сигурно се работи за некој мак-портал, кој не се разликува многу од другите, никој не се издвојува од останатите, па со ова сигурно сака да истапи чекор понапред, затоа од мене има поддршка за ваков чекор. Поздрав
 

darko4spain

Praetorian
Член од
13 април 2012
Мислења
57
Поени од реакции
100
Ти треба целосен дизајн: веб страна + Facebook интеграција на Социјален читач или имаш веќе веб страна?
Немам баш време сега за да се посветам да ти го правам цел проект, но ако веќе имаш веб страна, можам да ти го интегрирам ФБ и се што ти треба.
 

--ТИГАР--

Фино :)
Член од
3 октомври 2009
Мислења
175
Поени од реакции
3
Ти треба целосен дизајн: веб страна + Facebook интеграција на Социјален читач или имаш веќе веб страна?
Немам баш време сега за да се посветам да ти го правам цел проект, но ако веќе имаш веб страна, можам да ти го интегрирам ФБ и се што ти треба.
Имам страна значи потребно е само да се вгради Фејсубк скриптата или како и да се вика...
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
16
Поени од реакции
0
imam webstranica, potrebno e uste da se napravi social reader-ot i da se integrira vo webstranicata... Dokolku nekoj se razbira na ovaa tema neka me kontaktira :))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom