„Суташ“ најавува нова кампања, нови работни места и зголемување на производството
Не дојдовме тука за да останеме кратко. Имаме долгорочни планови. Вака денес менаџерите на турската млекарница „Суташ“ во Скопје го најавија отворањето на нови работни места, зголемувањето на производството и порастот на извозот на млеко и млечни производи.
Не дојдовме тука за да останеме кратко. Имаме долгорочни планови. Вака денес менаџерите на турската млекарница „Суташ“ во Скопје го најавија отворањето на нови работни места, зголемувањето на производството и порастот на извозот на млеко и млечни производи.

Денеска менаџментот на оваа компанија ја промовираше првата реклама за нивните производи што веќе почна да се емитува на македонските медиуми. На презентацијата на рекламната кампања за промоција на производите на Балканската млекарница беше промовирано и мотото - „Уживајте во природниот вкус“.
„Нашата присуство ќе го раздвижи млечниот сектор во Македонија. Во Македонија не гледаме само одличен пазар, туку и можност за проширување кон регионот, Европа и во светски рамки. Ние мислиме долгорочно и сакаме да бидеме жители на Македонија. Еве, в рака јас сега го држам пасошот на мојата татковина, но сакам да го заслужам и македонскиот пасош и тоа преку квалитено производство, проширување на производството и со градење на довербата кон потрошувачите и изгубената доверба кај млекопроизводителите. Ќе ги поттикнеме да се борат за квалитетно производство“, изјави Муарем Јилмаз, претседател на „Суташ Груп“.
Според него, целта на „Суташ“ е полека, ама сигурно да се наметне на пазарот како компанија која произведува квалитетни производи. Менаџерскиот тим вели дека работи на враќање на довербата кај потрошувачите но и кај фармерите преку сигурен откуп со загарантирана цена.
„Тука сме за да ги претставиме нашите производи со природен вкус што ги произведуваме користејќи ја експертизата и најсовремената технологија на „Суташ“, од македонско млеко и со македонска работна сила, прво во Македонија, а потоа и во останатите земји во регионот“, рече Јилмаз.
Оваа компанија најавува удвојување на производството од сегашните 70 на 175 милиони литри.
„Имаме долгорочни планови. Покрај зголемувањето на производството и изборот на асортиманот, ќе се зголеми и бројот на вработени што логично ќе следува со оглед на предвиденото зголемување на производството“, рече генералниот менаџер на Балканска млекарница Мушфик Созер.
„Суташ“ производството во Македонија го почна пред шест месеци во халата на поранешната млекарница „Сведмилк“. Првиот дел од инвестицијата беше 13 милиони евра.
„Суташ“ во целиот свет прави вкупен обрт од приближно 750 милиони евра и има 4.000 вработени. Турската млекарница извезува и во земјите на Блискиот Исток, во Европа и САД. Вкупниот капацитет за собирање на млеко на групацијата, чие седиште е во Истанбул, достигнува два милиони литри млеко на ден.
http://www.mkd.mk/makedonija/ekonom...kampanja-novi-rabotni-mesta-i-zgolemuvanje-na