Премиер Лигата размислува за квота на играчи од младинската школа
Ваквиот потег следи откако Асоцијацијата на Европски клубови го одби предлогот кој велеше дека екипите кои настапуваат во натпреварувањата на УЕФА да имаат рестрикции во трошењата на пари и тие да не трошат повеќе од 50% од приходот на плати Извршниот директор на Ливерпул кој е член на таа асоцијација откри дека екипите од Премиер Лигата веќе размислуваат за друго правило, а тоа е квота на играчи кои потекнуваат од младинските школи.
УЕФА веќе воведе вакво правило и сите екипи кои настапуваат во Европските натпреварувања се обврзани да имаат осум играчи од младинските школи во составот од 25 фудбалери.
“Ова беше дискутирао на состанокот кој се одржа минатата недела откако Премиер Лигата го изнесе таквиот предлог.” – рече Пери.
“Немаме прифатено нешто конкретно, само дека принципите за одреден број на играчи од младинските школи има смисла.”
“За тие екипи што настапуваат во Лигата на Шампионите нема да преставува пречка и ќе можеме да го примениме веднаш.”
“Исто така Премиер Лигата ни покажа истражувања кое покажува дека поголем број од екипите нема да имаат проблем да го спроведат тоа на дело.”
“Секако дека ќе се даде многу време за размислувања, ова е еден начин на одлучување но секако дека беше конструктивна дискусија.”
извор