Ryan Giggs
tearing you apart since 1991
- Член од
- 27 мај 2009
- Мислења
- 11.993
- Поени од реакции
- 22.199
- Локација
- Скопје - Македонија
- Веб-сајт
- www.youtube.com

Expedition Deep Ocean (TV Series 2021– ) - IMDb
Истражувачот и авантурист Виктор Весково (Victor Vescovo - Wikipedia) е на мисија да ги освои најдлабоките точки во Атланскиот, Индискиот, Пацифичкиот и Артичкиот океан (временски период од 2018-2019 година).
Тригернат од несреќата која се случи на приватната компанија OceanGate која нуди истражувачки подводни тури на богаташи, односно уредот дизајниран под името Титан (Titan) кој имплодираше и предизвика смрт на целиот екипаж, периодов малце повеќе истражував за тоа до каде стигнала науката и дали успеала да совлада одредени пречки и бариери на физиката.
Имав предходно слушнато но не доволно истражено (не ме интересирало во тие моменти), дека сепак некој успеал да се спушти во најдлабоката точка на планетата Mariana Trench (Mariana Trench - Wikipedia) длабока речиси 11.000 метри (11км). При тоа пребарување на интернет налетав на Виктор Весково, дознаваајќи за документарецот Expedition Deep Ocean кој го снимал со неговиот тим.
Не би навлагал во спојлери, сепак ќе ви оставам самите да ги осетите напнатите моменти кои документарецов успеава да ги прикаже, кои на моменти за мене се застрашувачки.
Во кратки црти, Виктор со неговиот тим дизајнираат уред/возило со име Тритон (TRITON) кое го тестираат неколку пати на одредена длабочина (целосно се разликува во дизајн / технологијата од Titan), пропратно ги отклонуваат сите дефекти кои се појавуваат при тестирањето и започнуваат поход во непознатото.
Лично сум крајно импресиониран од храбороста, која Виктор ја демонстрира за време походот. Се на се, одличен документарец !!!