Европско првенство 2026 [Данска-Шведска-Норвешка]

Член од
14 март 2010
Мислења
17.214
Поени од реакции
17.070
1000018208.png
Традиционално како и секој почеток на новата година почнува со првенство во ракомет. Оваа година е ред на европското првенство. Од 15 Јануари до 1 Февруари, трите скандинавски земји Данска, Норвешка и Шведска ќе се домаќини на 24 најдобри репрезентации во Европа, а со тоа и во светот.

Во два шведски и по еден норвешки и дански град ќе се домаќини на овој шампионат. Кристианштад, Малме, Осло и Хернинг се градовите од првата фаза, втората фаза ќе се одигра во Малме и Хернинг, а завршницата ќе е во Хернинг, во арената со капацитет од 15.000 гледачи.

Малце досадно прибидејќи едни исти градови се во игра, но ЕХФ знае каде има најголем интерес за ракомет и каде ќе се продадени картите пред време, а да не е тоа на клупско ниво.

На ова првенство ќе настапи и репрезентацијата на Македонија, ова ќе ни е деветто првенство на кое ќе настапуваме, осмо во низа, првото го имавме во далечната 1998 година, а најдобар пласман имавме на првенството организирано во Србија 2012, освојувајќи го петото место. На последното првенство во 2024 го освоивме 17 место.

На овој шампионат Македонија е во група со домаќинот и првиот фаворит за злато репрезентацијата на Данска, па незгодната Португалија и Романија. Првиот меч го играме против Данска во Хернинг [20.30 часот]. Следните два натпревари во второто коло против Португалија и третото коло против Романија ги играме во 18-часот.

Првите две репрезентации од секоја група обезбедуваат пласман во главната фаза.
А таму ќе вкрстат со најдобрите две репрезентации од секоја група [А-Б-Ц;Д-Е-Ф] Бодовите се пренесуваат во следната фаза.

Распоред од првата фаза:

1000018210.jpg

Распоред од втората фаза:

1000018209.jpg


Фаворити како и секое првенство дали европско или светско се речиси истите, почнувајќи од домаќинот Данска, завршувајќи до Шпанија, а измеѓу нив треба да се споменат Франција, Германија, Хрватска, па и останатите домаќини Шведска и Норвешка.

Ние може да се ставиме во вториот или граница на третиот ешалон на репрезентации на ова првенство, без преголеми очекувања, барем не на ова шампионат.
Составот горе-долу ни е веќе познат, па не би да го коментирам, барем додека не започне првенството, но во глобала е и тој, моментално најдоброто.

преноси од натпреварите ќе има на македонската телевизија прв и трет канал, а и на арена каналите.

Се надевам на квалитетна дискусија.
 
Секоја година е исто сценарио. Додека ја гледаме македонската лига ни се ствара некоја нереална илузија дека ракометарите ни се квалитетни и можат да направат некој исчекор погоре, ама кога ќе се судриме со топ репрезентации(односно со реалноста) изгледаме смешно. Искрено имаме неколку ракометари со одреден квалитет, но тоа е далеку од доволно да се надеваш на големи работи на вакви натпреварувања. Порано како доаѓаа Европските и Светските првенства секогаш ми се ствараше одредена еуфорија (често нереална, со искључок на зенитот на генерацијата) дека дури ќе може и да се догребеме до медал. Со годините станав свесен дека за тоа треба многу повеќе од самодекларирани таленти по македонски стандарди, и дека повеќе (бар за сега) не очекувам ништо посебно, освен да не се обрукаме на некои натпревари. Очекувањата од групава ми се следниве:

Данска ( Aко успееме да извадиме пристоен пораз до некои пет разлика ќе биде премија, главното е да не бидеме декласиранои на тој натпревар).

Португалија ( Mногу тешко да изненадиме, ама сепак постојат некои минимални шанси доколку имаме ден. Тука се подразбираат стандардните параметри како расположен голман, помалку технички грешки и фантастична партија од бековите.)

Романија ( Натпревар на кој вака бар на хартија имаме најголеми шанси да дојдеме до победа, иако нема да биде воопшто лесно. И Романците си гледаат шанса против нас да дојдат по бодови, па тоа е натпревар на кој се може да биде.)

На ова првенство би сакал да видам напредок во играта. Ќе бидам задоволен ако видам потечна игра во нападот, разноврсност, и секако поголема компактност во одбраната. Ако успееме да се издигнеме за едно скалило од минатате првенства јас би бил задоволен. Сепак мора да го земеме во обзир и „квалитетот“ кој го имаме на одредени позиции пред се на десен бек и лево крило каде мислам дека сме отров. Не дека и другите позиции се не знам што, посебно што на пикер ќе бидеме и без Лазаревски, ама првиве две ми се баш хендикеп.

Среќно на момците, нека одиграат до последна капка крв, па што и да биде после таков перформанс ќе добијат респект од секој искрен ракометен фан.
 
Штета што ќе настапиме без Мечка и Карасманакис. Искрено, не ми е јасно зошто Мечка не направи операција на рамото веднаш по крајот на минатата сезона (во мај), туку се чекаше до септември.

Ќе видиме во каква форма ќе биде Митев, по ваква повреда секогаш е потребно време за целосно враќање на 100%. Воедно мислам дека крајно време е да му се даде вистинска шанса на Галевски.

Од април, Дмитро Хориха ќе биде сериозно засилување за репрезентацијата, и во одбрана и во напад.
Реално е на ова Европско да немаме резултатски очекувања, но затоа веќе на следното Светско, со Хориха во составот и со една година повеќе искуство кај Д. Митев, Карасманакис, Галевски, Ристевски па и останатите од 2002 ген, мислам дека конечно имаме шанса да направиме исчекор и да кренеме едно ниво во квалитет секако, ако се поклопат коцките.

Во тој случај, повеќе не би биле репрезентација од тој трет ранг каде што реално сега сме, туку стабилна селекција од таа втора категорија во кој денес спаѓаат репрезнтации како Хрватска, Исланд, Холандија, Унгарија, Португал, Словенија.. екипи кој на добар ден можат да победат и најсилни тимови од врвниот ранг (Данска, Франција, Германија, Шведска, Шпанија..)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom