Европските СТУПИД ПИГС

  • Креатор на темата Креатор на темата Human
  • Време на започнување Време на започнување

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.953
Поени од реакции
5.783
Европските СТУПИД ПИГС
По веќе широкоприфатената кратенка БРИК, зад која се кријат водечките земји во подем (Бразил, Русија, Индија, Кина), во текот на кризата се појавија и други нови акроними, но експертите одбегнуваат да ги користат затоа што се работи за зборови кои имаат погрдно значење на англиски јазик. На пример, земјите што западнаа во најтешки економски проблеми, Португалија, Италија, Грција и Шпанија, се обединети во групата ПИГС (свињи), што е кратенка на имињата напишани на англиски. Грција на таа листа има најцврсти позиции затоа што финансиската криза во таа земја е и најсилна. За буквата „и“ во кратенката се борат Ирска, првата земја на еврозоната што влезе во рецесија, и Италија. И во двете земји во 2009 година буџетскиот дефицит се удвои. Сепак, на аналитичарите им се препорачува во своите извештаи да не го користат терминот ПИГС, со што станува очигледно дека акронимот нема да биде широкоприфатен. Терминот БРИК на авторот Џим О‘Нил од компанијата „Голдман сакс“ се устоличи меѓу банкарите, политичарите, економистите и деловните луѓе. Но, кога една кратенка умира, веднаш се раѓа друга. На финансиските пазари веќе се повеќе се користи еден друг акроним, кој ги означува земјите со најголеми буџетски дефицити, поточно Шпанија Турција, Велика Британија, Португалија, Италија и Дубаи. Ако се спојат првите букви од имињата напишани на англиски јазик, се добива кратенката СТУПИД (глупави).


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=1948&ArticleID=134360
 
Back
На врв Bottom