Европскиот суд ја осуди Бугарија за ОМО Илинден

  • Креатор на темата Креатор на темата Mandrak
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Локација
Скопје
„Европскиот суд за човекови права уште еднаш ја осуди Бугарија во врска со тужба поднесена од организацијата на Македонците во Бугарија - ОМО Илинден, чиј претседател Јордан Костадинов изјави по пресудата, дека не очекува промена во однесувањето на Софија.

Судот утврди дека Бугарија е виновна затоа што неколкукратно, во 1990 - 91, во 1998-99 и во 2002-2004 година, одбила да ја регистрира организацијата.

Европскиот суд аргументира дека решенијата на бугарското правосудство да не ја регистрира македонската организација поради ”закана за територијалната целост, јавниот ред, правата и слободите на територијата на Република Бугарија’”, претставуваат ”нарушување на правото на Организацијата за слобода на здружување”.

Судот во Стразбур наведува и други аргументи со кои се поткрепува тужбата на ОМО Илинден.

При крајот на минатата година, Европскиот суд, исто така, пресуди во полза на ОМО Илинден, и на другата организацијата на македонското малцинство во Бугарија ОМО Илинден - Пирин, во врска со спречување на правото на учество на јавни собири и нерегистрација на овие две организации.

Претседателот на ОМО Илинден Јордан Костадинов изјави за Радио Скопје дека ова е по трет пат Бугарија да губи процеси со ОМО Илинден. Тој меѓутоа додаде, дека не очекува промена во ставот на официјална Софија, односно дека не очекува регистрација.

Истовремено, тој смета дека главна причина за одбивањето на Бугарија да ја регистрира организацијата, е нивниот став дека се Македонци, а не Бугари по националното чувство и припадност.”

До кога ли со едно лице ќе се обраќаат бугарите кон нас во официјалната политика, а со сосема друго кај нив дома? Не е ли крајно време Европа да го преиспита однесувањето на Република Бугарија по ова прашање? Колку што ни е на сите познато, Бугарија треба наскоро да биде член на Е.У. -Дали Европа ќе направи преседан и ќе и прогледа низ прсти на бугарија?
 
Оф море Мандрак......имаш ли претстава како Европа гледа на нас и на бугарите?
 
а да не не е така?
 
gOJDO напиша:
а да не не е така?
Така е, ама ако има некаков критериум за Македонија и за начинот на кој се уредуваат правата на националностите кои овде живеат, тогаш таков критериум треба да употреби и за оние кои се до членството во Европсаката Унија поблиску од нас.
 
Како тоа нашите браќа бугари за нас!
Не ми се верува, мора да проверам!
 
gOJDO напиша:
Како тоа нашите браќа бугари за нас!
Не ми се верува, мора да проверам!
Информацијава е земена од сајтот на Макфакс, не мислам дека не е точна.
 
проверив, точно
 
Mandrak напиша:
Колку што ни е на сите познато, Бугарија треба наскоро да биде член на Е.У. -Дали Европа ќе направи преседан и ќе и прогледа низ прсти на бугарија?

Европа веќе направи преседан со Грција која е членка од ’81 година, а има дури бетер политика спрема малцинствата него Бугарија. Така да не треба да се очекува дека ЕУ ќе врши не знам каков притисок врз Бугарија по тоа прашање.
Јебига, за секого различен стандард :pop:
 
Чекам мнение од нашите бугарски браќа!
 
MarthaGraham напиша:
Европа веќе направи преседан со Грција која е членка од ’81 година, а има дури бетер политика спрема малцинствата него Бугарија. Така да не треба да се очекува дека ЕУ ќе врши не знам каков притисок врз Бугарија по тоа прашање.
Јебига, за секого различен стандард :pop:
Грција одамна и е рак-рана на Е.У. Во врмето кога Грција е примана во Е.У. воопшто не се барани толку строги стандарди во поглед на решавањето на малцинските права. Сега, кога би можеле, останатите земји од унијата веднаш би гласале за нејзино исклучување не само заради тоа, туку и заради што Грција ненаменски ги троши средствата кои Е.У. и ги доделува за унапредување на разни дејности.
 
Mandrak напиша:
Информацијава е земена од сајтот на Макфакс, не мислам дека не е точна.

tocha e, ama ne e polna, propushtili da kazhat kolko sa omovcite, kako sekogash, i motivute na sudot sa propushtili :

Според магистратите в Страсбург организацијата не представлјава заплаха за териториалната цјалост на д'ржавата и за обштественија ред, както са се опасјавали б'лгарските с'дебни власти, отказвајки много п'ти регистрацијата ј от 1990 г. насам. Европејскијат с'д за правата на човека напомни, че ОМО "Илинден" има само около 3000 прив'рженици, като не всички са активни, и обштественото им влијание е незначително.:) :) :)

sega e polna, verno e deka nekolkostotin dushi /kolku sa aktivni da kazheme/ ne mozhat da sa opasnot za teritorialnata cjalost. Prav e sudot.
Otsega natam, vlastta verovatno nema da im pravi problemi so registracija, ama oni pak nema ne mozhat da napravat partija, zashto po zakonot za partiite od 2005 za partija trebat 5000 chlena.
 
Катиа, не е важно дали се работи за 3, 3000 или 3000000 луѓе. Се работи за принципите и непочитувањето на основните човекови права и определби, како и меѓународните права на малцинствата. Овие права децидно се нагласени во бугарскиот закон. Сите останати закони се третостепени и нерелевантни, ако не се почитуваат основните човекови права. Ова зборува за бугарскиот третман на македонското малцинство, ништо повеќе.
 
katia напиша:
tocha e, ama ne e polna, propushtili da kazhat kolko sa omovcite, kako sekogash, i motivute na sudot sa propushtili :

Според магистратите в Страсбург организацијата не представлјава заплаха за териториалната цјалост на д'ржавата и за обштественија ред, както са се опасјавали б'лгарските с'дебни власти, отказвајки много п'ти регистрацијата ј от 1990 г. насам. Европејскијат с'д за правата на човека напомни, че ОМО "Илинден" има само около 3000 прив'рженици, като не всички са активни, и обштественото им влијание е незначително.:) :) :)

sega e polna, verno e deka nekolkostotin dushi /kolku sa aktivni da kazheme/ ne mozhat da sa opasnot za teritorialnata cjalost. Prav e sudot.
Otsega natam, vlastta verovatno nema da im pravi problemi so registracija, ama oni pak nema ne mozhat da napravat partija, zashto po zakonot za partiite od 2005 za partija trebat 5000 chlena.
Доколку е податокот од твојот потпис точен, не верувам дека навистина не си информирана за интересот на македонците во Бугарија за решавање на нивното национално прашање. ОМО Илинден е еднствената организација која ги обединува македонците во бугарија, а нивниот број е далеку поголем од бројот што официјалните власти во Бугарија го споменуваат. Бугарските власти се свесни дека доколку ОМО Илинден почне да делува како легална политичка партија, ќе се соочи и со партиска пропаганда која не ќе има баш така мало влијание во западниот дел на Бугарија каде живеат најголем дел припадници на македонскиото национално малцинство.Значи, без оглед на бројноста на членството, оваа партија би имала значаен удел на бугарската политичка сцена, но на властите воопшто не им одговара националниот предзнак на партијата...Заправо како што и од многу одамна е начин на уредување на внатрешната политика на Бугарија, една држава - еден народ.
 
За да се учреди партија по Б'лгарските закони бројността на членството има значение.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom