zdravo, dali dokolku ste bile vo sobrakajna nesrekja kade vie ste bile krivi (pominuvanje na crveno) i udrite vo drug avtomobil i slucajot se reshava so evropski izvestaj (mala shteta kade nema povredeni luge), dali osiguritelnata kompanija ke prevzeme cekori so prijavuvanje na slucajot vo policija i da se plati kazna za pominuvanje na crveno?
Нема. Европскиот решава се. Вторник јави му се на човекот што си го удрил. Одете во осигурителната каде што си ја осигурал колата.
Ќе ве седнат, ќе ви дадат европски извештаи нови ќе ги пополните и двајцата. Ќе ги сликаат колите на иста положба како биле наместени за сударот ќе сликаат, ќе пополниш ти и изјава дека ја прифаќаш вината. После тоа си одиш.
Он си оди после во место назначено од осигурителната компанија и си ја поправа колата или си ја поправа сам кај мајстор по негова желба и им дава фактура на осигурителната и они го исплаќаат мајсторот.
Европски се пополнува за мала материјална штета кога нема повредени и кога возилото на оштетениот е во возна состојба односно не е оштетено до степен да не може да го тргне од местото на несреќата со нормално возење.
У случајов ти се погодил нормален човек, сте виделе дека колите може да се поправат со 400-500 евра нема повредени нема оштетување на возилото да не може да се движи, сте си дале рака, сте размениле броеви тоа е тоа.
Оди само среди му да добие оштета во вторник јави му се и да си го среди количето и сите среќни задоволни.
Тоа што си поминал на црвено е сообраќаен прекршок исто како било кој друг сообраќаен прекршок кога удираш некој друг. Дали си му влегол у лента, дали при излегување од паркинг си го удрил сеедно. Чим МВР нема работа и нема штета по ништо државно а вие сте си го решиле проблемот уживај. Осигурителната ќе пријави во МВР само ако има поголем дефект според кој сте требале да викнете МВР а не сте викнале што не е случај.
Оди спиј не се потресуј малиот ѓаол бил.