Тоа е така, ама ако ЕУ имале нешто ко чипови на маса со Кина и Америка, што се сомневам технолошки гледано, ама ајде, да се довериме на твоите статистики, сега веќе ги немаат ни тие, а поради се што се случува, уште долго нема да ги имаат, а може да дојде и до распад на ЕУ.
Не се мои статистики, него на Светска Банка и ММФ (јавни податоци се ова). ЕУ има многу посериозна економија од Кина (скроз на друго ниво на развој се). Кина се 93ти во свет ако гледаме БДП по глава на жител (со Албанија се едно/две места разлика), а дури и во апсолутни бројки се позади ЕУ. ЕУ има озбилни индустрии и во фармација, и автомото индустрија, воена, прехрамбена, буквално најголем конкурент економски е и на САД и Кина. Ради тоа и делумно во моментов иде низ турбуленции.
Проблемот е што: кога цената на енергенсите во ЕУ оди нагоре (ради војната во Украина претежно), ЕУ губи конкурентност во сите области. Главна слабост на ЕУ е оваа и фактот што е фрагментирана (мек политички сојуз, повеќе е економска унија) и некои работи можат озбилни проблеми да и направат (поскапување на енергенси, мигрантски кризи, и тн). Ако сака ЕУ да е конкурентна, мора да смени стратегија на пазар и да функционира повеќе унитарно.
Русија има економија како Шпанија, ако гледаш по западни параметри. Арно ама во Кина се среќаваат САД, Кина и Русија. Многу фактори влијаат на тоа кој е кој и како ја управува својата земја, па и влијанието на останатиот свет.
Кон крај на 80ти години и Југославија и Советски Сојуз биле дел од сите поголеми политички седенки во светов, за неколку години потоа и двете држави да не постојат. Муабетот ми е има подобри начини да се мери која држава во каква состојба е и на каде иде.
Овие параметри погоре (економски) се универзални (како што се користат кај нас, така и во САД, Русија, Кина). Битни се пошто мерат или откриваат квалитет на живот, можност за влијание, технолошки развој, пошто сето тоа доаѓа од економска активност. Ако бројките не ни се допаѓаат тоа е друга работа, али мерката како мерка е доста битна.
Русија конкретно во последниве 100 години се има распаднато два пати ради слаба економија/економски прилики (и граѓанската војна во Царска Русија и распадот на Советскиот Сојуз се во голема мера последица на лошо управување со економија).
Никој не спори дека Русија е моќна и супер ќе и биде да и тргне економски (и да заврши војната, да најдат мир со Украина), али економски е послаба од една Италија. Ако економски не најде начин да се избори (и за пазари, и за развој, да направи систем кај што може да не зависи само од активност на Москва и делумно Питер) на долги стази тоа може да и биде проблем (и внатре, а и во односи со држави надвор од свои граници).
За крај мал додаток, Фриман имаше многу добра извјава за САД, Русија и ЕУ каде кажа, нешто во стилот на: на САД најголема опасност не и е Кина, него сојуз меѓу Русија и ЕУ. По мене и Кина има слично гледиште (подобро да дели граница со изолирана Русија, него со Русија како дел од поголем сојуз на држави што и имаат направено инвазија на Кина пред околу 100 години).