Европска професионална карта

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
European Professional Card

ЕУ внесе измени во Директивата за професионалните квалификации наменети исклучиво за граѓаните на унијата кои одат на работа во соседните држави, истите ќе добијат тнр "професионална карта" - електронски документ, кој ќе ја потврди нивната профессиональнују компетентност и ќе им даде право/можност за вработување било каде во државите членки на ЕУ.
(EU Professional Qualifications Directive 2005/36/EC) -
Согласно новите правила , во ЕУ се појавија низа професии и претставниците на истите при премин од една во друга држава за работа ќе можат автоматски да ја потврдат својата квалификација со помош на овој електронски сертификат.

Директивата 2005 г. има список од 740 професионални области, за работи во кои на специјалистите им треба документ, за потврда на неговата квалификација - ко на пример , универзитетската диплома. Директивата исто така воведува единствени за сите членки барања на знаење, способности, компетентност .....што се потребни за еден специјалист од дадена област

Иако постои единствен образовен стандард во секоја од 28-те земји членки на ЕУ дејствуваат сопствени системи на квалификациски документи (т.нр. национални квалификациски рамки).Тоа доведува до тоа да на пр.една земја дава дипломи и атести кои во друга држава исто така членка на ЕУ - тие не се признаваат, па некои специјалисти се приморени наново да преполагаат испити ....Токму овде се направени поправките со оваа Директива
Во следните две години на целата територија на ЕУ ќе биде воведена оваа професионална карта European Professional Card - која нема да биде една обична пластифицирана карта туку таа ќе ги содржи сите информации за специјалистот во системот Internal Market Information System (IMI) - меѓународниот информациски систем , преку кој владините организации на ЕУ комуницираат меѓусебно.
Секоја држава односно нивните синдикати ќе треба да поднесат барање до IMI за регистрација на своите професии. Досега имаат поднесено барања европските синдикати на доктори , на мед,.сестри, на инжинери и тур.водичи
После то претставниците на зрегистрираните професии ќе можат автоматски да го потврдат своето образование . На пример еден доктор кој преминува од германија во Франција ќе може да се обрати во француското Министерство за здравство со молба за потврдување на неговата диплома и квалификации .

http://www.myesr.org/cms/website.php?id=/en/eu_affairs/eu_affairs_news/newfilename.htm
--- надополнето: 16 октомври 2013 во 22:34 ---
како си осмислиле овие .....ќе се зголеми со ова мобилноста на специјалистите внатре во границите на ЕУ - и при тоа ќе им дозволи истите да не се задржуваат на едно место/работа подолго
можност за промени ;)

http://ec.europa.eu/internal_market/qualifications/policy_developments/legislation/index_en.htm
 
Ама пак е само за граѓаните на ЕУ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom