Џеремаја Мејси (Арис)
04.01.2008 :: Мејси одличен против Цибона
Американецот со македонски пасош Џеремаја Мејси имаше одлична партиза за неговиот Арис, кој славеше на гости на Цибона со 83:76 во натпревар од 10. коло во “Б“ Групата на кошаркарската Евролига.
Мејси за 33 минути игра постигна 20 поени (прв стрелец во својата екипа), а оствари и 7 скокови, 4 украдени топки и 2 блокади.
Во дербито на колото во истата група Макаби полесно од очекувањата славеше на гости на Ефес Пилсен со 83:68.
Прво име кај израелскиот шампион беше Теренс Морис со 16 поени.
Скуни Пен, со 30 поени за “пиварите“ беше МВП на колото, но не успеа да му помогне на својот тим да го избегне неочекувано високиот пораз.
Литвос Ритас остана на чело на групата, откако очекувано го декласираше “фенерџијата“ Ле Ман со 85:50. Французите се единствениот тим во лигата, кој се уште нема победа.
Најефикасен кај литванската екипа беше Мет Нилсен со 20 поени.
Литвос Ритас и Уникаха водат со 18 подоби, Арис со 16 го дели 4. место со Ефес Пилсен.
Во следното коло Арис е домаќин на Литвос Ритас.
Монтепаски на Владо Илиевски загуби на гости на Жалгирис со 69:75 во натпревар од “А“ Групата.
Илиевски за 30 минути игра постигна 11 поени (втор стрелец кај “банкарите“), а оствари и 3 асистенции, по 2 скока и украдени топки и 1 блокада.
Тау Керамика славеше со 98:74 над Проком Трефл, а најефикасен во редовите на победничката екипа беше Вил МекДоналд со 19 поени.
Олимпијакос победи на гости на ВидиВичи со 91:80.
Најефикасен кај грчкиот вицешампион беше Лин Грир со 23 поени.
Лидер во групата е ЦСКА со 19 бодови. Монтепаски има 16 и го дели 3. место со Олимпијакос и Жалгирис.
Во следното коло “банкарите“ ја пречекуваат Тау Керамика.
Фенербахче Улкер неочекувано лесно ја совлада Лотоматика како гостин со 84:63 во меч од “Ц“ Групата.
Вили Соломон, со 19 поени, го предводеше шампионот на Турција.
Реал Мадрид немаше проблеми со Брозе Баскетс и славеше со убедливи 93:57.
Најефикасен во редовите на шпанскиот шампион беше Луис Булок со 20 поени.
www.basketball.org.mk