- Член од
- 16 март 2007
- Мислења
- 317
- Поени од реакции
- 20
И сите се среќни и весели после,нели?
Децата пораснуваат,се вработуваат во успешни фирми,работат послушно,му го лижат газот на шефот,се молат во Црква,заработуваат доволно пари за мајката да си направи пластична операција и да добие можда ново стаклено око,станува и она убава,таткото ја засакува,имаат меден месец,среќни се како никогаш порано...и на крај,земаат сачмарки и вршат ритуално самоубиство,али не без претходно да ги земат со себе уште неколку околни личности,на кои дотогаш мирно и фино им се покорувале.
Ја сваќаш поентата?
Љубовта е компромис,но во никој случај понизност.
И не постои реална личност(а досега ни фикциона),која ќе трпи и ќе ја чека таа капка љубов 30 години,притоа измачувана во најлошите услови во кои може да биде ставено некое битие.
Тоа може да го раскажуваш во приказни,во кои ќе веруваат мали деца.
Реалноста е поинаква,веројатно знаеш и сам,ако не си премногу заслепен досега.
Дури и ако по некое чудо,навистина издржале(со силата на Бог и бла),нема шанси сето тоа да не остане без последици.
Свесен ли си за траумите што ќе ги предизвика таквиот живот?
Не знам,сериозно ли веруваш во приказнава,или намерно сакаш да дадеш таков впечаток,за да видам колку е демек цврста твојата вера и колку Бог реално им помага и ги љуби лугето?
Уште еднаш,ако е тоа точно,немало да дозволи воопшто,ни мажот ни жената(а богами ни децата),да одживеат таков тек на настаните,туку ќе биле среќни.
Или Бог сака прво да ужива во нивната болка?
Чек да погодам-тоа е искушение?
А зошто тие луге,во тоа време?
Како Бог ги дава искушенијата,по пат на лотарија?
Или седи горе и покажува со прстот врз некого,и тој човек е автоматски искушуван?
Убав Бог имаш.
Еден совет:Не користи другпат вакви приказни за да ја покажеш Неговата добрина.
Ќе добиеш само контра ефекти.
Пробај со други бајки.
Можеби ќе успеат...некогаш.
Ќе бидам искрена овој пост не ти го прочитав цел, ама за да видиш дека не сум суетна ќе ти кажам дека си ВО ПРАВО!. Сигурно дека сето тоа што траело 30 години, ПРЕДОЛГО време за било кој човек, ќе остави, трајни, катастрофални последици, ама ај па замисли и после 30 години да не тргнело на подобро???
Или па жената да се карала секој ден со мажот зашто не ја сака или да се развела? Знаеш, некогаш треба да се има трпение, и наградата ќе стигне.
Во секој случај ниедниот од мажот и жената не бил крив, ги венчале со сила, без да се сакаат...значи не можеш да го обвиниш мажот за однесувањето и гневот, ама разумно би било и жената да е гневна што ја омашиле за некој што не го сака....па можела и таа да биде гневна...да крши, да пцуе,да мава, да се истура на децата....ама таа ДОБРОВОЛНО одбира да живее во покорност! Кој рече дека и било лесно или дека не патела или дека тоа е здрав живот? Не знам од кај е тоа мислење дека христијаните треба да имаат совршен живот на Земјава, кога самиот Бог вели дека ќе претрпиме тешки страдања заради Неговото име, ако не од никој друг тогаш од сатаната.....
Е сега што е христијанското во приказнава, покорното срце на жената, нејзината пожртвуваност за ближниот кој константно ја повредувал, кој го љубела повеќе од себе, како што Исус не љуби нас,.......