Eurovision Song Contest (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Селектирани песните кои ќе се натпреваруваат во Националниот избор за песна и претставник на Евровизија 2022
1f1f2_1f1f0.png

1f3b6.png
Избраните 6 композиции, современи и оригинални авторски дела, за кои комисијата смета дека секоја од нив ги исполнува очекуваните критериуми за учество и претставување на МРТ и земјата на најпрестижната европска музичка манифестација - Евросонг, се следните:

1. Изведувач: Kaly
Наслов на композиција: „LOVE AND LIGHT“
Автор на музика: Давор Јордановски
Автор на текст: Весна Малинова
Аранжман: Никола Васков - Нино, Давор Јордановски, Петар Луќиќ

2. Изведувач: Yon Idy
Наслов на композиција: „DREAMS”
Автор на музика и текст: Yon Idy
Аранжман: Ангел Ќосев, Yon Idy

3. Изведувач: Lara
Наслов на композиција: „FLOWER OF SORROW”
Автор на музика: Роберт Билбилов
Автор на текст: Робин Зимбаков
Аранжман: Роберт Билбилов и Дарко Димитров

4. Изведувач: Viktor Apostolovski
Наслов на композиција: „SUPERMAN“
Автор на музика: Владимир Дојчиновски
Автор на текст: Владимир Дојчиновски и Виктор Апостоловски
Аранжман: Владимир Дојчиновски

5. Изведувач: Andrea
Наслов на композиција: „CIRCLES"
Автор на музика: Александар Масевски
Автор на текст: Александар Масевски и Андреа Коевска
Аранжман: Александар Масевски

6. Изведувач: Ris Flower
Наслов на композиција: „FLYING TO BERLIN"
Автор на музика: Борис Цветановски - Ris Flower
Автор на текст: Борис Цветановски - Ris Flower
Аранжман: Мустафа Џанбазлар

Согласно Правилникот, за избраните 6 композиции, МРТ ќе изработи лирик видеа кои ќе бидат поставени на онлајн платформа за гласање на јавноста.
1f3b6.png
1f3b5.png
Песните ќе и бидат презентирани на јавноста на 28.01.2022 (петок) во емисијата Стисни Плеј на МТВ, со почеток од 22 часот, кога ќе започне и онлајн гласањето.
1f5f3.png
Платформата за гласање ќе биде отворена 7 дена, односно до 04.02.2022 година. Победникот ќе се добие по пат на онлајн гласање, како и според гласањето на меѓународното стручно жири во сооднос 50%:50%.
Извор:
1f449.png
https://mrt.com.mk/node/69376
 
Интересно е што пак има национален избор и МРТ не си избираат сами изведувач ама искрено не сум ни слушнал за ниту еден од овие изведувачи...
 
Интересно е што пак има национален избор и МРТ не си избираат сами изведувач ама искрено не сум ни слушнал за ниту еден од овие изведувачи...
Хахахаха, ни јас. Освен за Виктор Апостоловски. Ама сега ги преслушав сите (секако, со нивни претходни песни) и сите звучат многу помодерно и по-ОК од било која песна, која на било кој наш избор за Песна на Евровизија (додека организиравме), од било кој пејач, била отпеана. Подобро вака млади имиња кои очигледно се трудат да се пробијат со оригиналност (дел од нив се и кант-автори), отколку некој диносаурус да се прошета до Италија.
 
Националниот избор за песна и претставник на Евровизија 2022
1f1f2_1f1f0.png

1f3b6.png
Избраните 6 композиции, современи и оригинални авторски дела
1f3b6.png
1f3b5.png
Песните ќе и бидат презентирани на јавноста на 28.01.2022 (петок) во емисијата Стисни Плеј на МТВ, со почеток од 22 часот, кога ќе започне и онлајн гласањето.
1f5f3.png
Платформата за гласање ќе биде отворена 7 дена, односно до 04.02.2022 година. Победникот ќе се добие по пат на онлајн гласање, како и според гласањето на меѓународното стручно жири во сооднос 50%:50%.
Извор:
1f449.png
https://mrt.com.mk/node/69376
Те поздравија учебниците од 1-2-3 одделение со сликичкиве
 
Ланската евровизија малку ги врати надежите за самиот фестивал, пошо имаше еден куп интересни песни и настапи. Ете ги Италјаните имаат светска турнеа, Финланѓаноте, тие од Исланд.. убава манифестација што ме врати у детските денови коа коси кубевме за евровизија.

Ме чуди од кај изникнаа овогодинешните кандидати за Евровизија ама ок, убаво е да се знае дека ете има нови свежи и надежни дечки кои се бафтаат со музика.

Е, што немаме салам композитор тоа е друга прича.
 
Од сите избрани Лара ќе биде таа што ќе оди на Евровизија. Така некако мислам јас дека ќе биде.

И добро е што имаме нови свежи луѓе што се бават со музила поточно со пеење. Доста веќе едни исти се вртат , да видиме и малку смена на генерации нова свежа крв.

Едно време кога беше Скопски фестивал имаше нови луѓе ама се гураа секакви и такви што немаат слух ниту талент за пеење ама сега барем изборов се луѓе што имаат талент, глас, слух за пеење. Не се некој залутани во музиката.
 
Кој има најмногу врски, тој ќе оди.
Автоматски споено мислење:

Од сите избрани Лара ќе биде таа што ќе оди на Евровизија. Така некако мислам јас дека ќе биде.

И добро е што имаме нови свежи луѓе што се бават со музила поточно со пеење. Доста веќе едни исти се вртат , да видиме и малку смена на генерации нова свежа крв.

Едно време кога беше Скопски фестивал имаше нови луѓе ама се гураа секакви и такви што немаат слух ниту талент за пеење ама сега барем изборов се луѓе што имаат талент, глас, слух за пеење. Не се некој залутани во музиката.

Музика и гореспоменативе ,,пеачи" нема никаква допирна точка. Боље пак Калиопи да ја пратеа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom