European voluntary service

Член од
5 август 2007
Мислења
3.589
Поени од реакции
2.617
Значи, ме интересира дали има искуство некој од форумов со European voluntary service?
Значи, ми понудија од работа да ме пратат во Палермо, Италија да волонтирам една година преку European voluntary service, Associazione InformaGiovani. Е сега, бидејќи на крајот од работното време ме информираа, не можев да се распрашам во детали, што како, на интернет најдов нешто, што би биле активностите и слично, и тоа јасно ми е. Меѓутоа ме интересира доколку има некој лично искуство да сподели. Пример, ми спомнаја од работа дека сите трошоци ќе ми бидат покриени, во стилот на сместување, храна и сл. Е сега, дали даваат нешто плус за џепарац да речам, или ќе треба да барам од дома да ми праќаат..и тн.
Значи доколку има некој лично искуство во врска со волонтирање преку European voluntary service ве молам да го сподели овде, со цел послесно да можам да одлучам дали да прифатам да аплицирам, или да го прескокнам предлогов.
 
InfectedX

Motherfucker
Член од
22 септември 2010
Мислења
22
Поени од реакции
2
ке ти даваат по илјадарче секој петок за искачање
 
Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Ај јас ќе се потрудам да ти ги разјаснам некои работи, според ова што го читам што го имаш напишано мислам дека станува збор за youth in action, проект на Европската комисија кои го оформија и го донесоа во 2006 година со времетраење до 2013, одделени се околу 1 милјарда евра за целиот проект, е сега целта на проектот е младите да се дружат од сите држави да запознаваат нови луѓе култури, да можат да прошетаат и оние кои имаат помали финансики приливи, потоа исто така нудат и бесплатен курс за во државата каде што ќе одиш, и пред се одиш во невладина каде што ќе треба да изработуваш некои проекти и да бидеш корисен за општеството, е сега за ова мора да најдеш невладина која ќе аплицира за тебе има повеќе невладини во Македонија кои се занимаваат со праќање и примање на волонтери. Кога ќе пристигнеш во конкретно за тебе Италија, невладината во која што имаш аплицирано те прифаќа ти наоѓа сместување најчесто во големи куќи ги сместуваат повеќе волонтери доколку невладината има повеќе волонтери од други држави, се запишуваш на курс за Италјански кои го плаќа невладината. Твојата работа ќе е само да бидеш дел од активностите кои се примарна цел на невладината, на пример невладина за заштита на бездомниците е сега доколку е таква невладина ти ќе треба на пример да им помагаш на бездомниците. Ова хипотетичко е земено има милиони невладини низ Европа. Пари ќе добиваш во зависнот од државата секоја држава и секоја Национална Агенција си има своја политика во зависност од стандардот на државата е сега конкретно во Македонија волонтерите кои идат од други држави добиваат околу 300 евра е сега ти можеш да процениш колку земаат во Италија, но не мора да значи имаше сличај со еден волонтер од Битола кој земаше по 200 евра во Холандија што се енормно малку пари за стандрадот во Холандија затоа најдобро да си прашаш колку ќе ти бидат примањата.
Меѓудругото пред да заминеш ќе мора да одиш на неколку семинраи за да ти објаснат подетално што како тие семинари најчесто се во Белград или пак во Загреб и тоа ќе ти е платено и после завршувањето пак ќе одиш на некој семинар така да можеш доста да прошеташ низ Европа.
Мислам дека ти дадов корисни совети е сега мислам дека зборуваме за истиот проект, меѓутоа и да не е истиот проект принципот на Европската Унија е тој.

П.С Доколку се одлучиш да одиш внимавај МОРА ДА ИЗВАДЕШ ВИЗА
 
Значи фала многу друже, иначе да, станува збор за Youth in acrion, и проектот е нешто, колку што успеав да прочепкам по интернет, за малолетни престапници, и потенцијални малолетни лица кои се маргинализирани во општеството. Значи, во меѓувреме што прочепкав на интернет се поклопува 90% од ова ти што ми го кажа.
Иначе, да, работам во невладина, така да тие ќе аплицираат за мене, мене најбитно ми беше дали има некој искуство, за тоа колку е покриен престојот таму. Знаев дека смештај ми е платен, е сега ова не ми е јасно, тие пари пример што ми ги даваат allowance , дали се тие, тие предвидените за храна (life costs), и дали се доволни пример да се поминува месечно со нив, или ќе треба да барам секој месец да ми пуштаат на сметка (нешто што не ми одговара, бидејќи од готово овде, ќе си направам вересија таму).
Сепак фала многу, јас утре до детали ќе видам што е како е, па ќе пишам овде, па можи ќе му помогни на некој во иднина...
 
Не можам да ти кажам за во Италија и јас не сум сигурен сите информации што ти ги кажав се 100% точни, не сакам да пишувам нешто што не го знам и што не сум сигурен, меѓутоа мислам дека ќе ти стигнат за нормален живот, за настрана нема шанси за по кафулиња и по кафани нема шанси а за сметките тие ти ги плаќаат не влегува тоа во џепарлакот кои ќе ти го дадат на пример мн често се случува дел од волонтерите да сакаат да одат во некоја фамилија тогаш немаш никакви трошоци за сметките и за јадењето, има случаеви каде што на волонтери им се доделува цела куќа со 20 соби на пример и се им е платено така да сакам да провери колку пари одобруваат во Италија, сепак зависи од политиката на нивната Национална Агенција. ако случајно научам ќе ти пишам на приватно порака
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Работничка акција како во Југославија што биле изгледа, само сега во ЕУ тоа.
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
dobro edno prasanje koj moze da volontira so ovaa programa primer postaro lice 40-50 godini
i dali treba da go znaes angliskiot za da otides nekade preku ovoj proekt
 
Kajgana Shop

На врв Bottom