„Euronews“ месец мај и го посветува на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Шота Буби
  • Време на започнување Време на започнување

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Со почеток во 10.45 часот денеска, светски познатиот телевизиски канал „Euronews“, ќе започне со прикажување емисии посветени на Македонија.

Серијалот, кој е во продукција на „Euronews“ има наслов „Мacedonian Life” (Животот во Македонија) и содржи петминутни емисии во кои се зборува за животот, бизнисот и културата во нашата земја.

Во наредните три недели емисиите ќе бидат прикажани 20 пати во текот на една недела, на арапски, англиски, француски, германски, италијански, португалски, руски, шпански и на турски јазик.

Програмата на „Euronews“ се емитува во 155 држави во светот на 10 јазици, а дневно телевизијата ја следат 7,5 милиони луѓе.

http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=10&id=30885

првпат да слушнам и видам убави работи на некој странски медиум за Македонија
 
Убава презентација за Скопје:

[video]http://www.euronews.net/2011/05/05/the-changing-face-of-skopje/[/video]


Посебно ми е драго дека ефектите од “Скопје 2014’’ се прикажани во позитивно светло.
 
хехехе...

Кога за прв пат дојдов во македонската престолнина, Скопје, ми беше тешко да разликувам што е старо, а што ново. Големите бронзени статуи изгледаат како да се стотици години стари, но набрзо откривме дека тие се неодамна изработени и поставени. Зградата со големи столбови близу до нашиот хотел изгледа како споменик што е во фаза на реновирање, но, фактички, е ново здание во фаза на градба. Ова е првпат да видам обнова на град во класичен стил, каде што архитектите и планерите се одлучиле против модерните стаклени структури или облакодери што секој би ги очекувал во новиот милениум. Резултатот секако е уникатен. Можам да разберам зошто некому не му се допаѓа овој избор - се води голема дебата за овој скап проект - но за мене, првите резултати се восхитувачки.

Вака вели новинарката Французинка што на Еуроњуз ја опишува Македонија, која за неа и за нејзините колеги буквално била непозната земја.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=51311856544&id=13&prilog=0&setIzdanie=22279
 
Македонската економија на Еуроњус. Европскиот њус сервис во последната репортажа насловена „Градејќи го силниот македонски бизнис мотор“, се задржува на кризата и обидите за намалување на ефектите од неа. Лидерите шират оптимизам зборувајќи за постепено закрепнување.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/televizijata-euronjuz-ja-pretstavuva-makedonija-kako-biznis-destinacija
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom