Да, под спорт не спаѓаат само физички активности. Шах? Билијард? Пикадо? Дури тука имаш и повеќе од наведените. Координација на очите со рацете и рефлекси (да, ако не трча не мора да значи дека зависи само од интелигенцијата) се тука. Сепак, ова е спорт кој е многу повеќе фокусиран ментално наместо физички. Сте запнале со кореанциве и мислите дека се е црно. Додека бев помал играв фудбал повеќе од 6-7 часа дневно, не се враќав дома ни за ручек. Сигурен сум дека има многу што уживаат во фудбалот и им е голем дел од слободното време. Сега и тие се ретардирани? На професионален гејмер не му треба ништо повеќе од 2-3 часа, (до 5 максимум, кои можат да се поделат на повеќе пократки сесии низ денот) за да биде во форма, ништо претерано во споредба со на пример фудбалери. Околу делот за IQ, само да те потсетам дека тој не зависи од информации од општа култура (да, знај 1000 документарци, 1000 енциклопедии напамет, учи колку сакаш, не зависи од тоа IQ-то), баш напротив би можело од игрите (доколку се играат на доста повисоко ниво) до некаде да се качи IQ (способност за фокусирање, стратегија итн.). Има профит од гејминг, посебно сега кога веќе почнаа наградите на турнирите да се во милиони наместо во илјади. Шансите за да заработиш од тоа? Доволно помали од голем дел од спортовите што постојат моментално бидејќи се работи за индустрија која сеуште е во развивање, иако имаш луѓе кои со еден турнир имаат заработено доволно за да имаат наша просечна плата до крај на животот.
Земи разлистај и распрашај се повеќе пред такви мислења.
Инаку, еСпортот го пратам веќе неколку години, и уживам во натпреварување (иако го правам тоа на многу ниско ниво, никогаш не сум се посветил целосно на некоја игра или нешто). Ја пратам скоро секоја игра што може да се каже компетитивна до некој степен, иако повеќе сум фокусиран на поновите игри (CS1.6 пред неколку години почна да умира). За еСпортот во Македонија? Проблемот е што има многу лоши мислења за било кој гејмер кај нас, нема скоро никакви инвестиции / спонзорирања од страна на компании (од кои ретко кои се запознаени всушност со еСпорт), и секако има ефект слабата економија каде што половина од државата нема доволно пари за оргинал игри / стабилен и квалитетен интернет, а голем дел од гејмерите се малолетни. Како и да е, се развива, но со помала брзина во споредба со други држави (како и за се друго).