eSpace - Ново македонско е-списание

  • Креатор на темата Грејвдигер
  • Време на започнување
Г

Грејвдигер

Гостин
Пред неколку денови дознав дека се појавило ново веб списание на македонската интернет сфера - eSpace.

Еве како е објаснето списанието:
eSpace е прво дигитално on-line списание во Македонија кое ја покрива целата ИТ област. Визијата на eSpace е да Ви понуди интересни и нови информации во една поинаква димензија, благодерение на современиот интернет медиум. Во него ќе има место за новости од сите ИТ сфери, Hardware, Software, разни презентации и поучни лекции, мобилни технологии, новини и случувања на македонската ИТ сцена, популарни игри, корисни линкови, но и секогаш слух за потребите на своите читатели. Затоа ќе ни биде драга секоја Ваша сугестија или насока.
eSpace е наменето за секого, од почетници до ИТ професионалци. Наша главна цел е eSpace да биде разбирливо за секој што користи компјутер и интернет. Информацијата е нашата моќ!
Сепак, покрај квалитетот, наша главна одлука е и eSpace да биде бесплатно. Единствено што е потребно е само да се регистрирате и eSpace редовно ќе пристига во Вашето сандаче ...
И ние мразиме "spam" исто колку и Вие. Вашата дискрецијата е загарантирана на највисоко можно ниво!
Моментално има излезено само еден број (Ноемврискиот), но само со едно не се сложувам... дека е прво е-списание во Македонија, но очигледно дечките кои го уредуваат не ја следат добро македонската сцена. Прво е-списание е Upload.

Друга критика од моја страна е дека недостасуваат постручни статии, некои од вестите се „по малце“ препишани, и за во иднина да може списанието да се симне и во .pdf формат. И друго што сакав да кажам е многу лошо избраниот начин на промовирање - спамирање по мејл. :nenene:

Тоа е од мене, се надевам дека е-списанието ќе напредува и нема да згасне за месец-два. :wink:
 

Nemorosus

Маршал Изет Фазлиновић
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.598
Поени од реакции
627
Не разбирам една работа. Зошто електронско списание? Неможе ли да биде во форма на веб страна, и така и така одма ги имам информациите на која поголема страна и да одам (Neowin, LifeHacker, BBC, CNN).
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Шо знам... можда мислат дека има недостаток од такво нешто на нашата сцена и сакаат нешто ново, уникатно... али малце промашиле, оти веќе имаме електронско списание.
Ама ајде ќе видиме како ќе гураат понатаму.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.543
Поени од реакции
29.113
Ќе се надоврзам од Coolzrock
И мене не ми е јасна една работа!Која е улогата на ваквите месечни списанија?Ентер, Клик Аплоад сега и ова...Објавуваат некој работи пред 1 месец излезени што ги спремале за списаниево, не сакам да бидам лошо сватен ама овие информации ги имам веќе јас и повеќето гарантирам..Еве гледам новост што беше најавена на ИТ пред 2 недели и во Ентер објавуваат рецензија а веќе пола свет ја сврте...Ај како и да е нека им е со среќа не е лошо списаниево ама се е прочитано веќе.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Ќе се надоврзам од Coolzrock
И мене не ми е јасна една работа!Која е улогата на ваквите месечни списанија?Ентер, Клик Аплоад сега и ова...Објавуваат некој работи пред 1 месец излезени што ги спремале за списаниево, не сакам да бидам лошо сватен ама овие информации ги имам веќе јас и повеќето гарантирам..Еве гледам новост што беше најавена на ИТ пред 2 недели и во Ентер објавуваат рецензија а веќе пола свет ја сврте...Ај како и да е нека им е со среќа не е лошо списаниево ама се е прочитано веќе.
Не ги ставај во една категорија и печатените списанија. А не е финтата само во новостите. Има само неколку страни за новостите во таквите списанија, и тоа само тие поглавните и сл. Се прават рецензии на хардвер, софтвер, игри и сл... има страници наменети и за програмирање, совети и уште не ти знам што друго. А само за новости, нема смисла.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.543
Поени од реакции
29.113
Не ги ставај во една категорија и печатените списанија. А не е финтата само во новостите. Има само неколку страни за новостите во таквите списанија, и тоа само тие поглавните и сл. Се прават рецензии на хардвер, софтвер, игри и сл... има страници наменети и за програмирање, совети и уште не ти знам што друго. А само за новости, нема смисла.
Па печатените ги има веќе и во флеш верзија мислам и ентер го има од кога направија редизајн...Ама како што кажа се прават рецензии...Еве Блек опс излезе на 14 минатиот месец они на 1ви излагаат со рецензија повеќето ја свртеја и по 3-4 пати.За игрите исто, хардвер во ред е зошто доста нови работи излагаат ретко кој знае за тоа, исто и софтверот само ради тоа ги читам а останатото воопшто не ми е потребно..
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Па печатените ги има веќе и во флеш верзија мислам и ентер го има од кога направија редизајн...Ама како што кажа се прават рецензии...Еве Блек опс излезе на 14 минатиот месец они на 1ви излагаат со рецензија повеќето ја свртеја и по 3-4 пати.За игрите исто, хардвер во ред е зошто доста нови работи излагаат ретко кој знае за тоа, исто и софтверот само ради тоа ги читам а останатото воопшто не ми е потребно..
Во флеш верзијата има само неколку страници колку да се види што (ќе) има во списанието. За игрите не значи дека секој знае дека излегла Блек Опс или каква е, па може да си прочита... исто не мора играта да е нова за да се прави рецензија. Може и на некоја постара што е добра, а не е актуелна кај нас. Пример за тоа се хрватските сајтови и магазини... праваат рецензии на некоја постара, ретро игра.

Не дека ги бранам или сум некој од одговорните за било кое списание, ама така стојат работите. Искрено не ги ни купувам многу, освен на минување од кај трафика здогледам некое и ме фати мерак да потрошам некоја пара :P.
 
Член од
17 декември 2010
Мислења
1
Поени од реакции
1
ГОЛЕМО БРАВО за екипата на eSpace!

И јас сум читател и на Upload. Сепак eSpace ако приметивте е најавено како “Прво дигитално комплетно ИТ списание во Македонија“. Upload е повеќе специјализирано за гаџети и технологии. Во eSpace ќе најдете теми од Hardware, Software, Мобилни технологии, МК сцена, Игри, Настани, ... Сигурен сум дека дечките ќе бидат само подобри со секој следен број (како што велат ќе имаат и слух и за сугестиите од читетелите). Поздрав и за Upload - супер е.

Сепак пристапот и соджината на eSpace ми остави впечаток, макар дознав подоцна (не веднаш). Посебно ми се допаѓа идејата да биде дигитална замена за печатено списание, лесно се вчитува, навигацијата е брза, темите не се “претешки“ и исто така е бесплатно.

eSpace, САМО НАПРЕД!
 
Член од
13 февруари 2011
Мислења
7
Поени од реакции
1
eSpace - се подобро. Браво за првото МК комплетно дигитално ИТ списание

:aplauz:Браво за дечките од eSpace. кој не го посетил време е!

Излезе третиот, февруарски број. Содржините се се подобри. Се вршат измени и според предлози на читателите. Конечно најдов ресурс по моја мерка. Има стварно многу теми од Software, Hardware, Интернет, Мобилни, МК сцена, Мобилни, Игри, Новости, ... Од мене - искрена препорака.

Плус има и стварни награди како што се наведени. Јас веќе добив неколку интересни книгички за маркетинг на интернет. Ја чекам следната порака со подароци. Ова мислам дека е само за регистрирани читатели. А бесплатно е дефинитивно!
:bravo:
http://espace.mk

Ако Ви се допаѓа Лајкнете и Вие на Facebook:
http://www.facebook.com/espace.mk

Пишете и Ваше мислење ... :helou:
 
Член од
9 февруари 2011
Мислења
4
Поени од реакции
0
И јас добив подароци. Стварно се интересни. И темите се многу ОК и по содржина и по количина.

Дечки, продолжете само така. eSpace е стварно кул.
Од мене имате Like.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.543
Поени од реакции
29.113
Супер е се само нема потреба од дупла тема ради нов број и тоа што се подобрени може и во старата :)
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Бре, бре... регистрација и одма самиот да си го пофалиш проектот :) *барем така ми мириса на мене*

п.с. Споена е темата со веќе постоечката за eSpace.
 
Член од
13 февруари 2011
Мислења
7
Поени од реакции
1
Не се регистрирав само за тоа. eSpace го пратам од почетокот, а дури сега одлучив да кажам мислење. ОК за спојувањето на темата. Највеќе ме интересира и мислење на другите, ако дозволите :)

Забележав дека деновиве е отстрането задолжителното логирање за читатели. Сега списанието е потполно отворено. Регистрацијата е само за кој сака бонуси ...
http://espace.mk
Поздрав.
 
Член од
9 февруари 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Ок сте дечки. И од мене препорака ѕа eSpace.

Like.

Продолжете така. Само да не Ве снема. Искрено не ми се верува. Јас немам регистрација. Ќе се регистрирам па ќе кажам ѕа бонусите.

Поздрав
 
Член од
9 февруари 2011
Мислења
4
Поени од реакции
0
ТОП се и вторите книги. И уште подобри

Фала eSpace

 

Kajgana Shop

На врв Bottom