Есенска посластица - ГРОЗЈЕ

  • Креатор на темата Креатор на темата wild dolphin
  • Време на започнување Време на започнување

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Локација
Наше Скопје
grozje.jpg

Грозјето е сладок плод кој се добива од виновата лоза од родот Vitis. Станува збор за еден од најстарите плодови, чие одгледување им било познато и на античките народи. Првите податоци велат дека винова лоза се одгледувалa уште пред 8.000 години на територијата на денешен Иран. И египетските хиероглифи покажуваат одгледување на грозје. Се одгледува на подрачја на кои има изобилство од сончеви зраци.
Денес се одгледуваат голем број видови грозје, од кои 12 се основа за производство на најголем дел од вината во светот. Грозјето може да го поделиме на десертно и винско грозје, а во тие рамки на црно и бело грозје. Cabernet Sauvignon, Merlot, Nebbiolo, Pinot, Syrah и Sangiovese се најпознати сорти црно грозје. Од белото грозје ќе ги издвоиме Chardonnay, Traminec, Rizling, Semillon.
Црното грозје помага во заштитата од срцеви заболувања, ракот и стареењето. Особено е благотворен при регулирање на крвниот притисок. Лушпата од овој вид грозје изоблиува со феноли од кои потекнува и неговата боја.
Полифенолите како што се ресвератроли, антоцијани, катехини и кверцетини се антиоксиданси кои ги уништуваат слободните радикали во организмот и на тој начин го спречуваат појавувањето на тумори. Тие ги чуваат и крвните садови од артериосклероза.
Белото грозје е одличен енергетски извор, но многу посиромашно е со феноли, во споредба со црното грозје.
tabela_grozje.jpg

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ГРОЗЈЕТО
• Ботанички, грозјето спаѓа во групата на бобинки;
• Потребно е околу 1,15 кг грозје за да се добие едно шише вино;
• Од сите овошја на светот, грозјето е најчесто одгледуван плод;
• Грозјето се одгледува на сите континенти, со исклучок на Антарктик.



ЗНАЧИ ЕСЕНТА Е ПЕРИОД НА ДОБРОТО ГРОЗЈЕ ПА ПРАШАЊЕТО Е КАКВО ГРОЗЈЕ САКАТЕ БЕЛО ИЛИ ЦРНО И КОЛКУ ЧЕСТО ГО КОНЗУМИРАТЕ?

мене најубаво ми е црното грозје некако послатко ми е од белото затоа.
 
Паа,сакам и бело и црно грозје.Лушпата не ја јадев често,не ми се допаѓаше,ама сега ќе ја јадам кога дознав дека е здрава:smir:.Што се однесува на пиењето вино,да го консумирам!Пиењето добро вино ме исполнува,ме прави да се осеќам отмено и секако ме опива :P
 
И двете ги јадам, но белото ми е поубаво, поготово оноа без семки што е :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom