ЕП 2016- Група 2 (Втора фаза) Вроцлав

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување

Кои две репрезентации ќе ја минат групата 2?


  • Вкупно гласачи
    46
  • Гласањето е завршено на .
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.382
Поени од реакции
77.402
Локација
Б'с
Иако целото внимание го удривме на нашата група од втората фаза, сепак фер е да отвориме тема и за групата 2, чии натпревари ќе се одиграат во Вроцлав.

Групата 2 е далеку посилна од нашата група, со оглед на тоа што нема слаби репрезентации од рангот на Белорусија (па и уште некои други може да влезат во оваа категорија, вклучувајќи не и нас :D). Кога Унгарија со моменталната форма е условно најслабиот тим во оваа група, тогаш се е кажано. Шпанија и Данска некако се издвоија од другите и со самото тоа што влегуваат со 4 бода, ќе бидат големи фаворити за пласман во полуфиналето. Сепак, мислам дека овде секој може да победи секого, па Германија пред се ќе ја бара шансата за влез во полуфинале со евентуален триумф против Данците. Да не ги отпишуваме предвреме ни Русите, и тие имаат сосема солидни настапи, конечно наоѓајќи малку подобар голман во името на Киреев.

Tabela2.png
За разлика од нашата група каде што има натпревари во кои крајниот исход е сосема извесен, тука тешко е да се предвиди резултатот на било кој меч, со тоа што мала аутсајдерска улога би и дал на Унгарија.
Шпанците се покажаа како доста цврста екипа. Малку потфрлија против Словенија, но целосно го поправија впечатокот против Шведска. Во првото коло имаа низа осцилации против Германија, но сосема заслужено дојдоа до победата. Во нападот нема некој кој се издвојува, целата бековска линија е на ниво. За издвојување се голманите. Варгас веќе почна да ја превзема улогата на прв голман пред Штербик, откако Вардаровиот голман мислам дека не доби ниту минута против Словенија и Шведска, додека во првото коло одигра одлично просечно со Германија. Душебаев некако игра доста слабо, но Македа е на доста високо ниво, ако не се земе во предвид глупоста која ја направи против Германците. Германците искрено ме изненадија позитивно. Против Шпанија се држеа во целиот меч, против Словенија победија многу лесно (но, вреди да се напомене дека Словенците беа без ударната игла Бомбач), додека против Шведска успеаа да се вратат од огромна негатива и да го добијат дуелот со кој пренесоа 2 бода во наредната фаза. Доста млада екипа, добар голман на голот, солидни бекови. Русите истотака ме изненадија со пренесувањето на двата бода. Слично како и ние против Франција, и они се држеа изедначено со Данците до последните моменти, но на крајот ја посраа работата. Сепак, ја добија Унгарија и ја прегазија Црна Гора. Дибиров и Горбок си газат во нападот, отсуството на Игропуло засега е незабележливо, додека како што напоменав и претходно, добија одличен голман во Киреев, откако Богданов стандардно имаше слаби изданија на последните првенства. Можеби тоа е делчето што им недостасуваше за да дојдат до подобри резултати. Ниту Шведска не разочара, напротив ја добија Словенија, загубија добиен меч од Германија и одиграа конкурентно со Шпанија, иако победата на Шпанците не беше доведена во прашање во ниту еден момент. Унгарците се разочарувањето на првенството за мене во досегашниот дел :D
Данска прилично рутинирано ја мина првата фаза, со мали проблеми против Русија и Црна Гора, но се чини дека ниту они не го дадоа својот максимум во овој дел од натпреварувањето.

Значи, Данска и Шпанија се големи фаворити за полуфинале, но секогаш има простор за изненадувања.

raspored2.png
 
Што им прават Германциве на Унгарија... ле-ле.
Трчање, асистенции, голови од сегде, ги направија салата.
Унгарија, мизерија ниту напад, ептен безидејни, ниту добра одбрана.
 
Прееска коментаторов вика ветеранот Миклер :facepalm: а 30 години има дечкото.
Замисли Фазекаш да бранеше... што ќе беше, фосил, метузалем. :tapp:
 
Јес да Унгарциве се очај на првенството, Германциве се многу добри.

Ќе биде интересен натпревар Данска - Германија. Ако играат како денес и имаат расположени голмани, мислам дека се во пол позиција за полуфинале.
 
колку што погледав и се се млади дечки. бравос џерманци
 
Шведска-Русија 15-15 првото, каква утакмица, прав модерен ракомет. Ете и русите се можда во поодминати години ама пак се носат, динамичен им е нападот, прават брз центар. Швеѓаниве одлични млади играчи имаат, не знам како досега не направија тим што ќе се бори за медали.
 
А тој од в гол в гол ? :cool:
Маестрално игра денес, а и воопшто на првенствово е доста добар :icon_mrgr:
Пресечаната топка и голот од контра може да се покаже како решавачки момент во натпреваров :icon_mrgr:
Али Русиве маме ебаа со пеналиве, 3 пенали по ред уткаат :facepalm:
 
Use selektorot nema mavano penal za Rusive
 
Хаха како се спасија Шведска ...или подобро кажано како се заебаа Русиве :pos:
 
Пу да тибам русите глупи да ти ебам, 2 разлика еј, да не праам муабет за пеналите 3 шо ги промашија! :cenzura:
 
Ај се лизна, се лизна, ама барем да ја пратеше негде таму у трибини топката, да шутнеше према гол или нешто слично.
 
Аууу каква трагедија за Русиве, какво моронско губење на бодови мајко мила :facepalm::facepalm::facepalm:
Пет години може да жалат што не победија.
Два гола предност на две минути до крај и 1:40 со играч повеќе и плус напад. Губат топка, примаат гол од пола терен, а потоа го изиграа најлошиот напад некогаш.
Лелеле, какво аматерско играње, не ми се верува... :facepalm::facepalm::facepalm:
Швеѓаните им оставаат простор на крило, Шишкарев место да влезе и да погоди на 15 секунди до крај, се реши да се врати назад, се лизна и за да не направи чекори ја фрли топката во аут на пола терен. Швеѓаните си истрчаа контра и Захрисон си погоди за нерешено.
Аматерски до небо :facepalm::facepalm::facepalm: Па фрли ја бе дечко на трибини, фрли ја негде каде што нема да ти тргнат во контра. Ја фрла во аут на сред терен, а цела негова екипа е во напад, додека Швеѓаниве се на тој дел од теренот и еден веќе е пред противничкоот голман.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom