Ендроментриоза - женска болест

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Силни болки за време на месечниот циклус - не само во стомакот, туку во најразлични делови на телото: ендометриозата е мистериозна болест, за чија причина царува целосна нејасност. Дали е наследна, "грешно закодирана" менструација? Дали отровите од околната средина играат некаква улога? Дали оние кои се засегнати немаат премногу женски хормони во организмот? Специјалистите сеуште нагаѓаат. Се чудат околу тоа како некои жени имаат ендоментриоза, а скоро и не го чувствуваат тоа?

Многу жени се мачат со години со силни болки за време на менструацијата. Кај некои е толку лошо што тие веќе не се во состојба да качуваат скали, други имаат тешки нарушувања на сонот.

Доста нејасна болест

Секој месец како подготовка за потенцијална бременост, се случуваат промени во матката, за да се осигура доволно храна за фиксираната јајцеклетка. Ако не дојде до зачнување, внатрешната лигавица се исфрла - тоа е месечното крварење.

Симптоми за ендоментриоза

- силни болки пред и за време на месечниот циклус кои се шират кон грбот и бедрата и не попуштаат дури и после земање анелгетик.
- циклусот трае подолго и е пообилен.
- ако е засегнато цревото и во него може да се појави крварење; ако е мочниот меур, се појавуваат болки при мокрење; ако е вагината или грлото на матката - проблеми при сексуални односи.
- ендометриозата е и првиот фактор кај женската бесплодност, затоа што тие клеточни натрупувања можат да ги запушат јајцеводите и да ја направат матката функционално неспособна.

Причината е нејасна

Но, некои жени немаат воопшто некои симптоми и дури не знаат ништо за своето заболување. Или пак го сметаат за реакција од преголемата чувствителност кон менструалниот циклус. Не се знае ни што ја предизвикува ендоментриозата, ниту зошто таа се појавува кај некои жени, а кај други - не. Различни факти покажуваат дека е наследна.
Засегнати се жените само за време на циклусот и најмногу жени со хиперпродукција на женски полови хормони, затоа што тие хормони се одговорни за градењето на лигавицата. Но, тие не се причина за заболувањето, туку само го засилуваат - какво што е дејството на спиралата. Ако нема циклус (на пр. за време на бременост, менопауза) заболувањето прекинува или дури се менува, симптомите исчезнуваат.


Кај ендоментриозата која не создава поплаки, не е неопходно лечење, освен ако таа не и пречи на желбата за раѓање дете. При полесни случаи често пати е доволно да се олеснат симптомите, додека настапи менопаузата. Када со топла вода, лесни масажи во долниот дел на стомакот, акупунктура - сето тоа влијае позитивно. Често пати е доволно дури само засилувањето на имунитетот. При остри болки и воспаленија докторот прво препишува лекарства против нив.

Понекогаш помага и апчето

Примањето хормони го предизвикува производството на хормоните на јајниците. Често пати болките исчезнуваат по консумирањето на апчињата против бременост. Се применуваат исто така и гестагени во концентрирана форма или синтетичкиот хормон даназол. Тие значително го ограничуваат огништето и го потиснуваат месечното крварење.

Хируршко лечење

Модерен начин на лечење е лапароскопијата. Преку минијатурен рез на стомакот докторот оперира со помош на ендоскоп, на чиј крај е поставена мала камера и минијатурни инструменти. На монитор докторите го следат процесот. Предноста на лапароскопијата: таа се извршува амбулантно, не остава лузни, помалку боли и има многу помалку опасност од усложнувања.

Тотална операција

При потешки случаи се отстранува целосно матката и јајниците, но тоа би требало да се прави само ако болките се навистина неподносливи и не исчезнуваат после употреба на други средства. Но, кај многу жени овој радикален метод со отстранувањето на матката води до тешки душевни растројства. Кога недостасуваат јајниците, жените автоматски влегуваат во климактериум. Со хормоналниот баланс може да настане целосен хаос.

Алтернативни лечења

Спектарот на алтернативни лечења е широк и се простира од акупунктура и хомеопатија до различните препораки за начин на исхрана. Секоја жена треба сама за себе да сфати што помага најдобро.

- некои жени постигнуваат позитивен ефект со храна богата со витамини и минерали, други преку строго макробиотичко хранење.
- витамините C, E и B6 како и селен, цинк и калциум помагаат за исфрлање на токсините од телото.
- некои жени вежбаат јога или други техники за опуштање (релаксација) кои помагаат за избегнување стрес за време на циклусот. Матката и ендоментриозните цисти реагираат особено чувствително на стрес.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom