Емил Арсов

  • Креатор на темата Креатор на темата muzichar
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 февруари 2011
Мислења
9
Поени од реакции
1
Емил Арсов го паметиме по тоа што имаше неколку песни и спотови снимано во договор со М2 продукција, но моментално е меѓу главните фаворити на емисијата ЗВЕЗДЕ ГРАНДА која се емитува на Пинк-15, но во меѓувреме настапува со битолскиот бенд InstruMENTAL. Да го поддржиме со тоа што ќе го гледаме и гласаме за единствениот МАКЕДОНСКИ представник во Звезде Гранда
 
Емил, ти си? :)

Aха да,он е,го има сето време на свет да тапка по форуми...:pos:
Ах бе металхамер хахахахаха:pos: (: :D

Да се навратам...
Незнам што е чудно овде,и смешно?Па детето сака да си успее во животот и си има поставено цел,и се надевам дека ке му успее,ја има подршката од неговиот град...
Од кога не му успеа преку М2 зошто да не ја проба среката вака?
Браво Емил само продолжи така.:smir:
 
Емил и јас те подржувам брате!
Продолжи само вака сигурно успеваш.
 
Не ги ставив сите видео клипови од Емил, тие што се интересираат ќе побараат на Youtube, иначе досега во Звезде Гранда уште од првата аудиција пее забавно. Не значи дека ако е Гранд мора да пее народно или за сечење вени. Новиот филм во кој главна улога е Емил Арсов носи наслов "Како пропадна турбо-фолкот" позз
 
Многу ми е јака таја групата Инструментал. Ако накај фолк маваат, мн. позитивна атмосфера шират...
 
Емил кога почна со М2 имаше некаде 14-5 години, многу убаво ми пееше, прави тоа што чувствуваш до ден денес си ја слушам. Мило ми е за него, чим не може да се пробие низ медиокритетиве тука, нека си бара чаре на други естради :smir:
 
Зошто детево не продолжи со М2?
 
Зошто детево не продолжи со М2?

М2 според мене не е потрага по ѕвезда туку пропаѓање на таленти. Да! Ќе изберат една ѕвезда и ќе му дадат слава и промоција, но за возврат бараат многу повеќе, најпрво минимум 3 години договор со М2 од кој не смеат да мрднат и после то ако му одговара ќе вложуваат во неа ако не не се замараат а договорот си важи. За разлика од М2, Гранд е далеку попрофесионална продукција која ги носи кандидатите до врвот на славните на цел балкан се разбира тие што ќе стигнат до финале, а Емил е многу блиску што значи ни останува само да му ја дадеме нашата поддршка бидејќи стварно му е потребна, да направиме да се гордее со тоа што е Македонец. :toe:
 
Емил има прекрасен глас. Го запознав лично пред околу шест години. Обожаваше да пее и додека седи во друштво. :) Доста забавно дете. Нормално дека треба да го подржиме и да го бодриме.
 
М2 според мене не е потрага по ѕвезда туку пропаѓање на таленти. Да! Ќе изберат една ѕвезда и ќе му дадат слава и промоција, но за возврат бараат многу повеќе, најпрво минимум 3 години договор со М2 од кој не смеат да мрднат и после то ако му одговара ќе вложуваат во неа ако не не се замараат а договорот си важи. За разлика од М2, Гранд е далеку попрофесионална продукција која ги носи кандидатите до врвот на славните на цел балкан се разбира тие што ќе стигнат до финале, а Емил е многу блиску што значи ни останува само да му ја дадеме нашата поддршка бидејќи стварно му е потребна, да направиме да се гордее со тоа што е Македонец. :toe:

За каква ѕвезда правиш муабет? Поп или Турбофолк?
М2 е поп, а Гранд турбофолк.
Од М2 се Елена, Ламбе, Пилева... кои не гледам дека се пропаднати.
За разлика во Гранд пропапаѓаат ама мозочно, тоа таму што го прават може да се нарече се само не музика.
 
Одлично си пее дечково, али мислам дека требало да проба со некој друг кај нас (ако веќе имал проблем со М2). У ова Пинк бара еден вид на дополнителна „реклама“ за кај нас, затоа и го држат сеуште, не дека не заслужил, сигурно пее подобро од другите таму, но не е за турбофолк според мене. Али глеам дека повеќето од песниве што ги пеел на изборов не се турбофолк.

Заслужува подршка бидејќи е наше дете, знае да пее и ни го обелува образот, макар и на Ѕвезде Гранда...
 
За каква ѕвезда правиш муабет? Поп или Турбофолк?
М2 е поп, а Гранд турбофолк.
Од М2 се Елена, Ламбе, Пилева... кои не гледам дека се пропаднати.
За разлика во Гранд пропапаѓаат ама мозочно, тоа таму што го прават може да се нарече се само не музика.

Имам напишано погоре прочитај ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom