Елвис Бајрам се спрема за на училиште

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.501
Возраст
34
Локација
Пустец
Елвис Бајрам се спрема за во школо Бајрам ќе нема мака со набавка на учебници. Од оваа година Владата започна со делење на бесплатни учебници за сите средношколци. Единствено останува неговиот татко, Амди Бајрам, да му набави школски ранец, тетратки, молив и гумичка

A3E56AE6EB0D0E4B9C2E507D0B265139.jpg
Елвис Бајрам, градоначалникот на општина Шуто Оризари ќе стане средношколец. Тој од први септември ќе се запише во едно од скопските средни училишта, но во кое се уште не открива. На прашањето на ВЕЧЕР дали ќе го оствари своето ветување дека ќе заврши средно училиште, Бајрам прво одбиваше да одговори бидејќи бил на состанок. По нашето инсистирање, тој не препрати да исконтактираме со шефот на неговиот Кабинет, Аднан Мемед. Мемед кратко ни одговори:
Она што градоначалникот го вети ќе го оствари. Запишувањето во средно училиште е во процедура.
За жал ни тој не ни го откри името на гимназијата во која Бајрам ќе учи. Единствено што успеавме да дознаеме е дека Бајрам нема да седне во училишна клупа. Тој ќе биде вонреден ученик, со оглед на неговите обврски кои ги има како градоначалник на Општина Шуто Оризари.
Бајрам ќе нема мака со набавка на учебници. Од оваа година Владата започна со делење на бесплатни учебници за сите средношколци. Од минатата година средното училиште е задолжително. Па наместо да плаќа казна што неговиот син не се запишал во школо, неговиот татко, Амди Бајрам, ќе даде пари за школски ранец, тетратки, молив и гумичка. На Еливис му останува само да го загрее столчето и да седне да учи.
Вчера тој беше домаќин на американскиот амбасадор Филип Рикер. Гостинот го пречека заедно со својот татко, актуелниот пратеник во македонскиот парламент, Амди Бајрам. Рикер и семејството Бајрам час и половина муабетеа во канцеларијата на градоначалникот. Американскиот амбасадор се интересирал како функционира локалната самоуправа, со кои проблеми се соочува и кои се нивните приоритетни проекти на кои се фокусирани.
- Јас сум задоволен што имав шанса да видам како еден мал проект на САД се реализираше со активност на локалните власти и ние подаривме компјутерски систем и финасиски менаџмент систем кој што беше дониран од УСАИД за да и помогне на Општината. Дониравме три персонални компјутери, сервер и специјален софтвер за обука. Ние сите треба да се фокусираме на децентрализација бидејќи тоа е многу важно за иднината на Македонија, за демократијата и за поцврста иднина на државата. Шутка е добар модел за тријазична општина каде што се зборува на македонски, албански и ромски јазик - изјави Рикер по средбата со семејството Бајрам.
Вчера попладне американскиот амбасадор беше во посета и на општината Арачиново. Тој имаше средба со тамошниот градоначалник, Бастри Бајрами.



Извор: Вечер




:pos2::pos2::pos2:
 
И јас сакам да бидам градоначалник повеќе школо имам важно од него :)
 
ај со среќа нека му е...петки да донесе кај татичко:pipi:
 
water-blast-man_pic.jpg



Ај со среќа па средното како низ вода да ти помине...
 
Со среќа нека му е,петки нека реди па факултет да го запишеме :pos:
 
А азбуката ја знае овој ? :nesum:
 
Па завршил осмо одделение ама дефинитивно најтрагично беше тоа што неговиот против-кандидат имаше само четврто одделение така да од двете зла сепак часните граѓани на Шутка го избраа помалото

уф да се падне кај мене да му се стаам со познатата изрека
"На ти 50 денари иди земи четврт пица бурек и пола кило јогурт и врати дваес денари кусур":pos2::pos2::pos2:
 
Голема работа па, ќе одел вонредно во школо. Значи а одел а не одел исто му се фаќа, само да има црно на бело дека завршил средно. Како што Боки 13ка заврши средно кај мене, така и овој = )
 
Како влагал у училници?
Го тргале покривот и со кран го внесувале?
 
Оф леле. И градоначалник со осмо е...После македонија не била во ЕУ
 
Додуша ни другите политичари не се баш доктори на науки и академици
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom