Елементарна алгебра и геометрија-изборен предмет

  • Креатор на темата Креатор на темата Спенсер
  • Време на започнување Време на започнување
С

Спенсер

Гостин
Сега сум 2ра год гимназија... и сакам математика,затоа одбрав елементарна алгебра и геометрија... има ли некој друг од 2-3 година на овој предмет??? сега за сега,само цртаме... проектираме и слично... на посебни листови,многу педантност се бара... малце е тешко... некој друг?да каже што-како се прави на предметов... помош нешо ова она...
 
Овој предмет многу ќе ти користи за трета година ако одиш (а претпоставувам ќе одиш) на математичко а.
Во принцип ќе ти помогне за математиката во втора година (зборам за делот геометрија), а понатаму кога ќе работите теми од алгебра, ќе ти бидат од голема помош за предметот алгебра кој го има во трета година на математичко а.
Геометрија ќе биде токму она што сте го почнале, само мислам дека ќе имате и координатен систем, но овој пат не со две, туку со три оски.
Алгебра ќе учите равенки од секој вид. Најчесто ќе се замарате со полиноми и операции со нив, иако се работи и сè друго што означува математичка пресметка со помош на формули.
Сè на сè, како изборен предмет нема да ти биде тешко ако имаш желба, само треба малку повеќе внимание на геометријата.
 
ада ви аплоадирам програма со маестрални можности ин за математика и за физика и за хемија......еве пример
 
линк за ова по ПП...ако може...

секако само момент да аплоадирам...ако си задоволен кажи.

smart ass напиша:
секако само момент да аплоадирам...ако си задоволен кажи.


Пратено...само би те замолил бидејчи мене интернетот ми е бавен и слабо ми оди уплоадот така да ако некој друг ја побара прати му ја ако имаш можност:smir:
 
сега за сега,само цртаме... проектираме и слично... на посебни листови,многу педантност се бара... малце е тешко...
Во трета во задолжителниот (ако избереш Математичко А, секако) ова не се прави, се работи само со равенки. Елементарна алгебра е релативно лесен предмет, а оној другиот со геометријата е боза ако ти оди геометрија.
 
Алгебрата ептен ке ти се најди во трета, јас малце се заебав оти немав земено во втора али то е сеа :helou:
 
И јас направив грешка што не го слушав овој предмет во втора година, па сега ми е малку потешко, ама се снаоѓам. Алгебрата во трета година пак, е прилично лесна, така да ако ти оди математика, без двоумење оди на математичко а каде се учи истиот материјал како на електро во прва година :)
 
Кај мене конкрено немаше во втора ваков предмет изборен. И ко почнав да го учам наредната година се изненадив. Мислев дека ќе биди тешко бла бла ...
Уствари то е боза. Три равенки со три непознати , Вектори, Координати на вектор, Детерминанти :)
И да не избереше во втора ваков предмет немаше да ти биди проблем.
 
е ќе се убијам... никако да научам одредување пробод и траги на рамнина,видливост и слично...:ija:
 
И јас направив грешка што не го слушав овој предмет во втора година, па сега ми е малку потешко, ама се снаоѓам. Алгебрата во трета година пак, е прилично лесна, така да ако ти оди математика, без двоумење оди на математичко а каде се учи истиот материјал како на електро во прва година :)
E bez preteruenje sega. :)
 
е ќе се убијам... никако да научам одредување пробод и траги на рамнина,видливост и слично...:ija:

Првите две работи се малку подолги...за објаснување..

за видливоста....еве ти еден мал штос.....

сега не знам кои ознаки ги употребувате за проекционите рамнини ..но и не е битно..

кога ја гледаш нацртаната проекција во пи1 рамнината (хоризонталната рамнина)...тоа што е најблиску до тебе е видливото во пи2 рамнината (вертикалната)..

обратно...кога гледаш во пи2 што е најдалеку од тебе тоа е видливо во пи1 рамнината...
 
E bez preteruenje sega. :)

Па добро, секако не истиот, но таа е основата но проширена. Така да ако си учел алгебра и елементарна , нема да ти биде проблем.
 
Па добро, секако не истиот, но таа е основата но проширена. Така да ако си учел алгебра и елементарна , нема да ти биде проблем.
Nema da ti bide problem za priemnite. Ustvari da, vekje ne ni ima priemni.
A za polozuvanje na matematikite, ke treba pobajagi da go zagrees stolceto.
No sekako deka kolku tolku ke imas solidni osnovni znaenja, i ke ti bide polesno vo odnos na drugite koi nemaat tolku matematiki vo sredno.
 
конечно сватив што е работава...:pos2::pos2: завршивме геометрија, сега почнуваме со алгебра...

ако треба помош на некој,нека праша...:vozbud::pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom