Ексклузивно: Нова WoW експанзија

  • Креатор на темата Креатор на темата Mac))
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Благодарение на IMBA rogue-от од нашите кајганџиски редови, кој успеа да се протне низ тесните и со замки полни ходници на Blizzard и ги напраи нинџа нивните тајни документи, Кајгана форумот со гордост ви ги претставува ексклузивните информации за најновата експанзија.
Секако,ништо од ова не е потврдено од самиот Blizzard, кој се колне дека во следниот patch ќе го модифицира stealth-от. :)

"Во минатото се плашевме дека може да ги шокираме нашите муштерии со издавање на нов, пред се возбудлив материјал, па се воздржувавме од истиот ; но, во иднина ќе издаваме мали експанзии,на секои шест месеци, за некои лесни 39.99 $ по парче. " изјави лидерот на проектот.

"Најглавната поента е да не ги збунуваме играчите со воведување на нови класи и раси, па затоа ќе ги модифицираме постоечките. По таа основа ќе ја отклучиме расата гномови за хорда, и таурени за алијанса. Во иднита нема да додаваме нови зони, бидејќи тоа само ги фрустрира играчите кои се навикнати да гриндаат по веќе познати места

Нашиот Кајгана rogue
wowrogue_qjpreviewth.jpg


Максималниот левел ќе се помести на 75,бар за почеток, што ќе додаде месеци игра за l33t играчите да може да згриндаат доволно XP за да се покачи левелот ; XP-то ,секако, наголемо ќе го модифицираме.

За да се добие екстра визуелно богатство,ќе ги преработиме старите босови во нова палета на бои.

За оној посебен шарм, серверите ќе добијат рандом down-time, секако, претходно ненајавен.

Исто така, ќе го модифицираме и самиот WoW енџин,додавајќи неколку децимали нули ; drop rate за најновите item-и ќе биде толку мал,што серверот ќе го заокружува на нула

На дното на извештајот,еден од старешините во Blizzard ја прецртал последната реченица со образложение :
ОТКАЖАНО! Мене ми е фора да ги гледам тие јадници како се мучат цел живот пробувајќи да добијат некаков виртуелен објект составен од дваесетина полигони од ниска резолуција

Новинарите и критичарите се сложуваат дека најновата експанзија,најавена за 2008 год, ќе се појави во 2010 со пола од најавените features-и :vozbud:
 
Хихихи добар РуК со зелени рабоТи :vozbud:
 
Back
На врв Bottom