Економски факултет- Штип

  • Креатор на темата Креатор на темата AFI
  • Време на започнување Време на започнување
Дали некој имал искуство со следниве предмети: Економија на јавен сектор, Економика на внатрешна трговија и Маркетинг политика на цени и кој од нив сметате дека е најлесен?
 
^^Економија на јавен сектор ...Само кој го предава знаеш?
 
Знае ли некој да ми каже за предметот Индивидуална работа, како и што треба да се прави, јас сум студент на Природни и технички науки но еве ако знае некој и тука нека ме информира.
 
Хеј луѓе абре што значи тоа термин I и термин II на завршните испити??

Лани немаше вакво чудо за завршните, по сите предмети имаше само еден термин. Што сега, ни даваат шанса да си избереме на кој термин сакаме да го полагаме завршниот, со можност да си ги 'проретчиме' испитите ?.... :D
 
^Термин 1 редовна фев.сесија (завршни испити) термин 2 фев.дополнителна сесија , ако паднат тие во фев. редовна сесија немаат право во дополнителна, ќе чекаат април. А дали може да се распределат завршните во двете сесии то и мене не ми е јасно (пример два во прв термин , три во втор)...:confused:
 
Термин 1/2 или како што ги нарекуваат „декади“ се термини кога се реализираат завршните испити. Значи, доколку имате 5 предмети, може 3 да пријавите да ги полагате во првата декада а другите 2 во втората декада (кога ќе се отвори сесијата во е-индексот за онлине пријавување на испити ќе ви стане појасно). Не е точно дека ако паднеш во редовата февруарска сесија, потоа ќе полагаш во дополнителна сесија. За дополнително полагање ќе мора да чекаш друга сесија (априлска, јунска, септемвриска), а со овие термините 1/2 единствено им се олеснува полагањето на студентите или како што кажа Едорфиниус, можност да ги проретчиме. Кога ќе ги објават датумите за испити, ќе видете дека покрај секој предмет ќе стојат две дати (за прв и втор терми), па во зависност од тоа студентот може да одбере кога ќе го полага предметот. Лани, во јунската сесија така беше кај нас. Можеше да се избира да се полага завршниот испит во 1 термин (од 10ти па до 20ти јуни) или во втор термин (28ми па до 7ми јули мислам дека беше).
 
Me likey !! :icon_mrgr:

Ма да, ние веќе прегоревме .. Овој семестар колоквиумите ги полагавме во 7 дена. Сега гледам датумите на 5те предмети за првиот термин се распоредени во 2 недели, што е супер во однос на распоредот за колоквиумите што беше :cautious:. Ова добро може да го искосристат другите факултети, како медицина на пр. кои имаат по 6-7 предмети на семестар.

Јас ги земам сите во термин I !! Не ми се чека до вторите термини, ќе се полнам со нервози само ..

Деф и од колоквиуми и од се’ ја од половина си страдам

преку глава ми е од овие предмети веќе....дајте нешто НОВО !! :pos:
 
Здраво дечки,
Јас сум нова на форумов,ме интересира јас се префрлив од Економски од Скопје и сеуште не ми е готов индексот и имам проблем со признавање на уште еден испит.Ме упатија денес кај правникот во врска со овој мој случај,така да не го знае некој тел.број на истиот и нешто друго ме инетересира бидејќи очигледно овие админ.работи нема да се средат до утре ке имам ли проблем за пријавување на испити и заверка на семестар со задоцнување????Поздрав
 
Економски факултет
Референти на студентска служба – Штип
Марјан Марков
е-пошта: marjan.markov@ugd.edu.mk
тел: 032/550-061

Антонио Талевски
е-пошта: antonio.talevski@ugd.edu.mk
тел: 032/550-066
Јави се утре на овие броеви и побарај нека ти објаснат што со твојата ситуација. Инаку,доколку си нова студентка посети го овој линк (http://studenti.ugd.edu.mk/). Има доста корисни работи.
 
Јас ѕвонам постојано,но никако не можам да ги добијам посебно овие денови.Антонио ми рече пред некое време не можело се да се стигне.Денес ми ги носеа документите ама пак ништо.Дали некој од вас заверувал семсетар покасно и дали ќе ми дозволат да полагам во оваа сесија тоа ми е најбитно.Ептен ми е комплициран случајот.Однапред благодарам.....
 
Продолжен рокот за заверка на непарен и упис на парен семестар
Универзитетот „Гоце Делчев“ ги информира студентите од прв циклус на студии дека поради доцнењето на процесирањето на уплатите во нивниот електронски индекс (застој во процесирањето на дел од уплатите реализирани во банките / поштата), воведувањето на поголем број активности за реализација преку електронскиот индекс (како што е пријавувањето на семинарските работи преку истиот) и излегување во пресрет на студентите (паралелно решавање на сите пријавени технички прашања на , и студентска служба), рокот за заверка на непарен и упис на парен семестар (со претходно пријавување на семинарските работи) се продолжува до (заклучно со) 03.02.2012, Петок. support@ugd.edu.mk eindex@ugd.edu.mk
Во истиот овој рок (меѓутоа после заверката на непарниот семестар) е потребно да се пријават сите испити во февруарска двојна сесија, 2012 година:

- електронски за студентите од студиска програма 2009/2010, 2010/2011 и 2011/2012, и
- физички (на шалтер на студентска служба) за студентите од студиски програми 2007/2008 и 2008/2009.
Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

Продолжен е рокот мислам дека ќе запишете :)позз
 
Знае некој како ќе биде (или како било лани,полани) на завршните испити по основи на менаџмент и трговско право...на раскажување или на заокружување? и од што треба да се учи по основи на менаџмент од прашањата или од книгата?
 
Основи на менаџмент од прашањата за прв и втор колоквиум (на раскажување), трговско право 3,4 прашања на раскажување.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom