Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Фала на инфо, него точно е дека има и задачи или?

Мислам дека немаше , а и да имаше банални се . Имаше прашање според извадок од текст да определиш за каков ризик станува збор , ма да ќе ви објасни на предавање, лесно се препознаваат .
 
Колеги има ли некој да каже осигурување дали има резултати?
 
Организациско ,колоквиумите ти се оптика,меѓутоа во сесија испитите се со расказвуање .(дава 3 лекции да му ги раскажеш). Се учат 44 страни од копија и плус до 137 страна од книга "Лидерство" ама учебникот почнува од 13 стр. значи уште пократок е.Ја сум вонредно,мислам дека небара присуство и семинарски.
Управување со ризик е мал предмет 160 страни и плус одфрлен материјал.Ако сакаш дај ми мејл и ке ти ја пратам книгата.Се учи логички исто ко теоријата сто се учи кај финансиски менаџмент или инвестиционен менаџмент. И колоквиумите и испитите се оптика, и имаш во нив група на прашања со точно неточно ,група на прашања со еден точен од повеќе понудени одговори, и група на прашања каде што не ти е предходно кажано колку се точни. Незнам за редовност и трудови..
Можеш ли и мене да ми пратиш Материјал по Управување со ризик на меил ?
 
Економска статистика кај кого е полесно, Габер или Билбиловска?
 
Каков предмет е Сметководствени контролни системи? Дали лесно може да се положи на колоквиуми, од што се учи и дали е задолжително присуство? Се мислам дали да го земам за изборен
 
Социологија искуство? Многу обемен бил материјалот, дали лесно се уче и колоквиумите какви се, и испитот дали е есејски.
 
Колеги ме интересира дали е задолжително да ги имаш положено Англиски 1 и 2 за да можеш да запишиш магистерски. Слушнав за тоа, ама некои ми рекоа дека тоа важи за тие што се по нова програма запишани, генерација 2012/2013. Има некој инфо за ова.
 
Ние според новата програма воопшто ги немаме јазиците понудено како предмети кои можеме да ги земеме како изборни, така да тоа е некоја дезинформација
 
Ние според новата програма воопшто ги немаме јазиците понудено како предмети кои можеме да ги земеме како изборни, така да тоа е некоја дезинформација

Океј, а некој да не знае дали се неопходни Англиски 1 и 2 за запишување магистерски или и тоа е дезинформација :)?
 
Некој да каже за Теорија на одлучување, каков е предметот тежок, лесен?
 
Продавам Менаџмент на мал бизнис, подвлекувани се набројуванките што сум ги учела и верувам дека многу ќе ви помогнат, бидејќи имав 10ка. Подетални информации во порака. :)
 
На е-бизнис некој?Може да ми пише во ПП да прашам за поопширно ..
 
Каков предет е Економика на внатрешна трговија? Полагањето е на заокружување или на пишување, од што се учи и дали е задолжително да се оди на предавања?
 
Социологија искуство? Многу обемен бил материјалот, дали лесно се уче и колоквиумите какви се, и испитот дали е есејски.
Социологија се едни исти 5-6 прашања се врткаат (која е целта на социологијата...бла,бла).Испитот е на база прашање-одговор,точно неточно и две отворени.Значи ПИОМ обавезно се паѓа, било во прашањата,било како отворено прашање.
Професорот оди од крајност во крајност.Или ги чита писмените и прави покољ или не ги чита па пишува седмици.
 
Како бе две отворени? Лани тие што слушале рекоа дека имало само на заокружување со еден точен и есеј.. не спомнаа отворени..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom