Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Некој од постарите колеги да каже што најчесто се паѓа макроекономија на втор колоквиум. На што да обратиме повеќе внимание
 
А од амортизација најчесто какви се барањата во задачите? (за втор колоквиум) Пошо од збиркава некако многу боза ми се, а па од учебник да не зборуваме... ме фаќа стравот многу:sick:
 
Колеги ќе ве замолам ако ги памтите прашањата од испитот во септември по Теорија на организација да ми ги пишете, и ако знаете дали за испит Кирил бара набројуванки и дали има теми што не требаат за испит?
 
Ако ги иам положено и двата колоквиума даваат после втор кол. оценка или си чекаат сите до после испит?
 
Ако ги иам положено и двата колоквиума даваат после втор кол. оценка или си чекаат сите до после испит?

Зависи кој предмет, кога ќе има резултати од 2 колоквиум може да има наведено дека ќе се дава оценка на ХХ дата во ХХ време.
Ако нема наведено оценки се земаат кога ќе има резултати после испитот.
 
Абе Економија ако паднеме 2 колоквиум,ќе имаме фора само 2 да преполагаме? (пошто лани слушнав дека му дал така на тие,и тоа 2 фори за преполагање само на 2 колоквиум)
 
Абе Економија ако паднеме 2 колоквиум,ќе имаме фора само 2 да преполагаме? (пошто лани слушнав дека му дал така на тие,и тоа 2 фори за преполагање само на 2 колоквиум)

Да да ќе имате, лани ние имавме.
 
Абе Економија ако паднеме 2 колоквиум,ќе имаме фора само 2 да преполагаме? (пошто лани слушнав дека му дал така на тие,и тоа 2 фори за преполагање само на 2 колоквиум)

Да, има поправен, ама поголема оцена од 6 на поправен не стават. Иначе оди на увид, Билјана е супер асистентка и дава преглед уште еднаш на шифрарник. Лани бев на граница и едно квадратче грешка се отпечатило на компјутер и баш со тој поен поминав на втор колоквиум. (y)
 
Чекај бе,не сум кутнат уште :D
 
Има некој што ќе сподели некои прашања за втор колоквиум дигитална економија? Барав низ срч но слабооо :(
 
По вториот колоквиум математика сите кружат со приказни дека баш нив им паднал „елиминаторен“ пошто баш тие задачи не ги решавале со ПРИВАТНИ професори. -.- Мислам, у реду е.

И тоа баш за групата што мене ми се падна се дигна фама дека е „елиминаторна“. Јас пошто учев конкретно од учебникот и збирката забележав дека задачите што ми се паднаа се исти како што имаше во учебникот. Тоа што ги немаше како соодветни примери во збирката е друга работа. Мој е проблемот што не сум ги научил постапките како што треба, не на „елиминаторната“ група.

Значи (ова за поискусните колеги), „елиминаторните“ групи се само дигање врева за џабе и самооправдување? Или?
 
Според мене е само измислица. Имало случај неколку пати и на испит и на колоквиум да ми се падне ист тест со некој и после тоа да го слушнам како вика абе мене елиминаторен ми се падна, а со малку повеке учење сигурен сум дека може да се помине.
Или па ако ти се падне матрица со 3 реда или како беше сум заборавил, што кога ке ја решаваш ке ти се рашири на 3-4 страни, незначи дека е елиминаторна, едноставно малку е потешко. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom