Epics™
Академски граѓанин
Знаев дека вакви коментари ќе имам, јеј.
Ќе ти го сликам индексот нема проблем, сакаш верувај сакаш не, јас кажав од искуство, пошо сум ги осетила двата факултети, и шо ако сум била една година на економски? Прва на економски и прва на ФИНКИ не се споредуваат, светлосни години се оддалечени, да не навлегувам натака во потешките години.
Не сум ни освоила -30 јас, кажувам пример дека има такви дибидуси кои освоиле, а ако сакаш ќе ти го сликам и индексот од ФИНКИ, нема проблем
МЧР сакаш верувај сакаш не, приказната беше таква.
Муабетот ми е, имате 250 страни на колоквиум, пример. И ништо надвор од тие 250 страни не може да ви се падне. Ништо. Или џа или бу. Ти овде можеш да решиш 1000 задачи и да ти се падне една задача која е комбинација од тие 1000. И или ти фаќа кликерот или не.
Јас ви направив споредба меѓу двата факултети за вие да не се лупате в гради кога ќе ви речат дека Економски е полесен, па и уште да се навредите. Пошо е факт дека е полесен. Медицина е два пати потежок од мојот и вашиот заедно па нема љутиш![]()
Па и на Економски е така со Драге Јанев по Математика.
Не 1000, можеш да решиш 10 000 задачи и пак да ти се падне различна.
Добро ти кажаа, баби и жаби споредуваш.